Сè започна во месец февруари 2018 година, кога и покрај тоа што сè поретко имам слободно време, сепак на мојата скромна листа одлучив да вбројам уште едно хоби – пишување блог.
Причината беше едноставна – после секоја прочитана книга, сакав да запишам по некоја забелешка, критика, препорака, да извадам некој убав цитат, нешто по што ќе ја запомнам. А кога веќе го правам тоа, зошто да не го споделам? Па така, Читателка најпрво ја основав на платформата wordpress.com, а точно два месеци подоцна, преминав на citatelka.mk 🙂
Дојбредојдовте!
Ако сакате да читате, верувам дека ќе ви се допадне. Ако не, тогаш само ми останува да ве поздравам со еден од моите омилени цитати: