Првата книга на која сум плачела

Иако читањето ми претставува огромно задоволство во кое навистина уживам, некогаш доживувам таков ролеркостер од силни емоции, што после читањето ми треба време да се соземам. И сум забележала дека најдлабоко до мене допираат книги каде толку многу сум се поврзала со ликовите, што во текот на читањето сум се соживеала со секоја нивна радост, среќа, болка, страдање… Има книги заради кои сум била тажна со денови. Таквите ги паметам, на одредени сцени особено добро се сеќавам, ама The Fault in Our Stars секогаш ќе биде првата  книга на која сум плачела.

Прво морам да признаам дека малку скептично ѝ пријдов на книгава, од проста причина што во тој период tumblr беше окупиран со слики од филмот кој беше најавен, па некако добив чувство дека е само уште една клише тинејџерска книга по која девојчињата кубат коси. За на крајот да видам дека страшно сум се излажала!

Никогаш досега ниту една книга не ми измамила солзи. Оваа ме скрши тотално!
Ме освои уште од првата страница. Толку многу ми се допадна начинот на кој Хејзел ги раскажуваше настаните, што многу пати се навраќав да препрочитам некои делови. Немам навика да пречитувам книги, ама оваа знам дека ќе ја прочитам барем уште еднаш. Од срце си се смешкав додека во глава си ги замислував Хејзел и Августус, кои патем дефинитивно ќе ми останат како едни од омилените ликови од книги. Премногу се соживеав со нив.

Целата книга има прекрасни цитати, не би можела да издвојам неколку, инаку ќе треба цела книга ја да постирам овде ? Ама ќе го издвојам делот што мене најмногу ме погоди:

“When you go into the ER, one of the first things they ask you to do is to rate your pain on a scale of one to ten, and from there they decide which drugs to use and how quickly to use them. I’d been asked this question hundreds of times over the years, and I remember once early on when I couldn’t get my breath and it felt like my chest was on fire, flames licking the inside of my ribs fighting for a way to burn out of my body, my parents took me to the ER. A nurse asked me about the pain, and I couldn’t even speak, so I held up nine fingers. Later, after they’d given me something, the nurse came in and she was kind of stroking my hand while she took my blood pressure and she said, “You know how I know you’re a fighter? You called a ten a nine.” But that wasn’t quite right. I called it a nine because I was saving my ten. And here it was, the great and terrible ten, slamming me again and again as I lay still and alone in my bed staring at the ceiling, the waves tossing me against the rocks then pulling me back out to sea so they could launch me again into the jagged face of the cliff, leaving me floating faceup on the water, undrowned.”

И тука веќе не можев да се соземам, почнаа да ми течат солзи, па ја затворив книгата за малку да се потсмирам, затоа што знаев дека баш најтешкиот дел за читање допрва доаѓа.
Се соживеав со болката, со загубата, затоа што ете за жал, сите имаме некој што сме го загубиле во битка со страшната болест. Сите можеме да се пронајдеме во стравовите, во неизвесноста, исчекувањата, надежта, молитвите…

Но, истовремено се потсетив дека животот е премногу краток. И дека многу денови ни поминуваат бледо, нечујно, некогаш во непотребни грижи и нервози, без вистински да сфатиме колку среќни треба да бидеме што сме живи.

Би можело да ти се допадне и ова...