Предлог од 7 книги – за секого по нешто
Оваа статија решив да биде комбинација од кратки рецензии на 7 книги од различен жанр, за да има по нешто за секого ?
Yellow Crocus – Laila Ibrahim
Сместена во втората половина на 19ти век, Yellow Crocus ја раскажува приказната за пријателството и приврзаноста меѓу една робинка по име Мети и Елизабет која е дете на богато семејство. Паралелно го следи луксузниот животот на американските семејства, наспроти бедата во која живеат робовите. Со оглед на темата, книгава на моменти е многу болна, дури некои делови сакав да ги прескокнам. Приказната е емотивна, а ликовите се многу допадливи. Единствено имам замерки за стилот, можеби оекував повеќе. На моменти ми делуваше како дете да раскажува. Во секој случај убава книга. Кога ја прочитав оваа, Лајла немаше ништо друго издадено, ама сега гледам дека има две нови книги и тоа со прилично добри оценки и коментари, така што веќе ги ставам на листа за читање ?
Defending Jacob – William Landay („Во одбрана на Џејкоб“)
Енди Барбер е јавен обвинител со долгогодишно искуство, успешна кариера и ниту еден изгубен случај во судницата. Во малото гратче во кое живее со неговото семејство, се случува ужасно убиство. Енди веднаш е на потег и се обидува да го најде убиецот, не очекувајќи дека првиот осомничен кон кого се вперени сите докази, е неговиот 14 годишен син Џејкоб. Енди и неговата сопруга се растргати меѓу безусловната љубов кон Џејкоб и реалноста која ги тера да се запрашаат дали доволно добро го познаваат сопствениот син.
Додека ја читав книгава, постојано бев ни ваму ни таму. Прво бев убедена дека Џејкоб не е убиецот, после некако почнав да се сомневам, па пак се вратив на тоа дека друг е виновен, па пак не бев толку сигурна… Некои ситни работи ги предвидов, но крајот не го очекував во никој случај.
Не ми се допадна тоа што имаше многу непотребни детали и описи, долги раскажувања кои мислам дека немаше да ѝ недостасуваат на приказната. Настаните се одвиваа многу бавно за мој вкус, дури на моменти губев трпение и вниманието ми бегаше на друга страна. Но, добро. Во психолошките трилери дејствието често трпи заради ликовите, бидејќи акцентот е ставен на нивните карактери.
Во секој случај, ако сте љубител на ваков жанр мислам дека треба да ѝ дадете шанса на книгава ?
Преведена е на македонски под наслов „Во одбрана на Џејкоб“.
The Undomestic Goddess – Sophie Kinsella („Совршена недомаќинка“)
Ова беше првата книга од Кинсела што сум ја прочитала, а воедно и првата чик лит ? Лесна за читање, на моменти комична, на моменти целосно нереална (ми се чинеше дека читам Дизни бајка), ама ми се допадна како за промена од она што вообичаено го читам.
Главен лик е младата адвокатка Samantha Sweeting, која заглавена низ лавиринтите на нејзиниот брз и динамичен живот, постојано води борба со времето и обврските. Нејзиниот животен сон е да стане партнер во најпознатата лондонска адвокатска компанија, но работите тргнуваат наопаку кога заради нејзина грешка, клиент губи 50 милиони фунти. Доживува целосен колапс и по некој чуден склоп на околности завршува во едно мало селце во близина на Лондон. Избезумена, на раб на тотален крах, прифаќа работа како куќна помошничка во едно богато семејство.
И тука почнува интересниот дел, каде што млада девојка која не знае ни кафе да направи, треба да се справува со перење, пеглање, шиење алишта, готвење, чистење и што ли уште не ?
Интересна книга, убава за одмор на мозок.
Не е нешто кое редовно би го читала, ама одвреме навреме убаво е да се прочита и нешто вакво.
Во блиска иднина не би читала нешто вакво, ама на сите оние кои сакаат вакви лесни чик лит книжулиња – ви ја препорачувам ?
Alex – Pierre Lemaitre („Алекс“)
Во случаи со киднапирање, првите неколку часа се клучни. После тоа, малите шанси жртвата да се пронајде жива се претвораат во речиси непостоечки. Но оваа девојка не е обична жртва. И покрај тоа што прекрасната, силна и паметна Алекс Прево не е обична девојка, нејзиното време истекува. Таа е затворена, заробена во кафез кој виси на два метри од земја, изгладнета, претепана, оставена на милост и немилост на човекот кој сака да ја гледа како умира.
Книга со сите белези на еден типичен трилер.
Неизвесна, заплеткана и страшно многу брутална. На моменти ми се превртуваше желудникот додека ја читав. Сцените беа толку сурови, а толку реално доловени. Постојано се обидував да ја предвидам, во глава имав неколку можни сценарија, ама ниту едно не испадна точно.
Имам некои сосема мали забелешки, но во глабала ми се допадна.
Ја препорачувам на сите љубители на трилери кои сакаат интересни и непредвидливи приказни.
The Empty House – Rosamunde Pilcher
27 годишната Вирџинија останува вдовица и самохрана мајка на две деца, откако нејзиниот сопруг трагично загинува во сообраќајна несреќа. Извесно време подоцна, се враќа во гратчето каде го запознала човекот кој ѝ бил прва љубов.
Прв пат читам книга од Розамунд и морам да напоменам дека многу ми се допадна стилот на пишување. Прекрасно се изразува, многу спокојно и одмерено раскажување, баш ми беше одмор додека ја читав. Дури и немав поим дека настаните се случуваат во модерно време, сè додека не дојде момент кога се спомна wi-fi ?Макар што, после прочитав дека ја напишала во 70тите, а ја објавила многу подоцна, веројатно изменила некои работи. Како и да е, за стилот на Розамунд имам читано само пофалби и сигурно ќе симнам уште некоја книга од неа.
Имам неколку замерки, ми фалеа некои работи, мислам дека слободно можела уште неколку поглавја да додаде, имала уште простор за да навлезе малку повеќе во приказната.
Книгава не е од оние кои цел живот ќе ги памтите, ама е убава романса што брзо и лесно се чита. Таман за на плажа ?
Rush Home Road – Lori Lansens („Трчај дома“)
Приказната ја следи 5 годишната Шарла која е напуштена од нејзиното семејство и 70 годишната мама Ади која живее во осаменост откако поминала низ многу трагедии во животот. Судбината ги спојува нивните патеки, и тие набрзо сфаќаат колку всушност си се потребни една на друга. Ади ја зема Шарла под своја закрила, ѝ дава топол дом и сигурност. А Шарла ѝ ја враќа насмевката на Ади и секој нов ден го бои во радост.
Ја читав по препорака на другарка и е прва книга од Лори Лансенс на која наидувам. Малку е бавна за мој вкус, ама периодов ми требаше баш нешто вакво. Имаше некоја топлина во раскажувањето, а ликовите беа убаво обработени и многу допадливи. Сакам такви книги каде добивам желба да ги гушнам ликовите…
Ова е една потресна и драма која зборува за болни животни судбини, но истовремено е исполета со убави пораки за храброста и издржливоста кои не треба да не напуштат ни во најтешките мигови.
Еден од цитатите кој ми остана во сеќавање:
“Look at me.” Addy sat down next to Sharla and took her soft face in her old hands. “I know Mrs. Pigot was mean to you, but you gotta find it in your heart to forgive her.”
“Why?”
“Because if you don’t, you carry those bad feelings around with you all your life and hate’s like salt in water, Sharla: once it gets in there it’s a hard thing to get out.”
The Hours – Michael Cunningham
Книга која паралелно следи три ликови засегнати од романот на Вирџинија Вулф, “Mrs. Dalloway”. Првиот лик е самата Вирџинија во периодот додека го пишува. Вториот лик е Лаура Браун, домаќинка која живее во 50тите години на минатиот век и ја чита книгата пронаоѓајќи се во главниот лик. А третиот лик е Клариса која живее во Њујорк во 90тите години на 20тиот век. Сите три ликови имаат нешто заедничко со главниот лик од “Mrs. Dalloway” која исто така се вика Клариса. И сите три ликови се на некој начин засегнати од самоубиство.
Знам дека можеби делува збунувачки, мене ми требаше малку време да се вклопам во приказната и да сфатам која е всушност поврзаноста на ликовите. Книгата обработува само еден ден од животот на овие ликови, но низ тој ден можеме да ја комплетираме сликата за целиот нивен живот.
Ми се допадна стилот на пишување, дури и оние делови каде имаше раскажување без некои конкретни настани. Ќе издвојам неколку цитати:
“Dead, we are revealed in our true dimensions, and they are surprisingly modest.”
“There is a beauty in the world, though it’s harsher than we expect it to be.”
“She could have had a life as potent and dangerous as literature itself.”
“She will remain sane and she will live as she was meant to live, richly and deeply, among others of her kind, in full possession and command of her gifts.”
И еден подолг цитат во кој се согледува поентата на книгата:
“We live our lives, do whatever we do, and then we sleep – it’s as simple and ordinary as that. A few jump out of windows or drown themselves or take pills; more die by accident; and most of us, the vast majority, are slowly devoured by some disease or, if we’re very fortunate, by time itself. There’s just this for consolation: an hour here or there when our lives seem, against all odds and expectations, to burst open and give us everything we’ve ever imagined, though everyone but children (and perhaps even they) knows these hours will inevitably be followed by others, far darker and more difficult. Still, we cherish the city, the morning; we hope, more than anything, for more.”