„Пред да заспијам“ – Стивен Вотсон
Кристин се буди секое утро во непознат кревет со непознат човек. Секое утро таа мисли дека е 17 годишна девојка, но кога ќе се погледне во огледало, гледа непознато, средовечно лице. И секое утро, човекот со кој се разбуди мора да ѝ објасни дека тој се вика Бен и е нејзин сопруг, а дека таа има четириесет и седум години, и дека една ужасна несреќа која ќе случила пред две децении ја оставила во таква состојба. Кога ќе заспие, нејзините сеќавања се бришат, па секое утро таа мора одново да учи која е. Поради сето тоа, таа води дневник во кој запишува што и се случило секој ден. Секое утро го чита, а во него на првата страна пишува: Не му верувај на Бен!
Ова беше книга која ме остави без спиење, затоа што едноставно морав да ја дочитам ? Имаше интересен тек на настаните кои го задржуваа вниманието.
Кога стигнав до втората половина, почнав да се сомневам за еден важен дел од приказната, некако имаше некои чудни детали и little clues што се провлекуваа. А кога веќе стигнав до 85%, бев уверена дека знам што се случува и почнав да си го враќам филмот за да ја склопам целата приказна.
Ќе ѝ дадев повисока оценка на книгава да немаше толку големи нелогичности кои сега не би ги открила за сите оние кои сакаат да ја прочитаат. Инаку, самата приказна на Кристин за жал не е толку чудна. Баш пред некоја година наидов на статија за филмски ликови инспирирани од реалноста и верувале или не – постои таков случај. Жената се вика Michelle Philpots и страда од ваква амнезија. Тогаш многу читав за неа, ме интересираше, така што не е толку нереална приказната. За жал.
Во секој случај интересна книга, ако сте љубители на трилери, а сè уште не сте ја прочитале – ви ја препорачувам.