“A Fall of Marigolds” – Susan Meissner
Книгава паралелно раскажува две приказни во различни временски рамки.
Клара е 19 годишна медицинска сестра која работи во болницата на островот Елис.
Тајрин е самохрана мајка која има 10 годишно девојче и работи во продавница за ткаенини.
И двете се сведоци на два ужасни настани кои му се случуваат на Њујорк – животот на Клара се менува по пожарот кој во 1911 година ја зафаќа фабриката Triangle Shirtwaist, а пред очите на Тајрин се уриваат кулите близначки во 2001. После овие настани, и двете губат некој кој им значи.
Нивните приказни се споени преку една марама со цветови која патува од генерација на генерација.
Од самиот старт сакам да кажам дека приказната на Клара повеќе ми се допадна, а и некако вниманието повеќе на неа ѝ беше посветено. Нарацијата тече глатко, лесно се чита и нема досадни моменти. Единствено не ми се допадна тоа што се повторуваат некои работи, дури ми се чини дека Сузан направила copy-paste на делови од некои дијалози.
Во однос на содржината, имаше некои нереални случајности и неколку настани што не ми се допаднаа. Мислам дека од што сакала Сузан настаните да бидат непредвидливи, малку излегла од колосек. Можела повеќе внимание да обрне на тоа како човек се справува со загубата на некој близок, да им даде малку повеќе длабочина на ликовите. Клара дури на моменти ми делуваше многу наивна и несозреана. А на Тајрин како да ѝ недостасуваше глас. Мислам дека повеќе ќе се соживеев со нејзината болка ако ѝ беше обрнато повеќе внимание.
Во секој случај ми се допадна, ме натера малку повеќе да истражувам за овие два настани, особено за пожарот, бидејќи не знаев ништо за тоа. Откако ја прочитав седнав пред компјутер и се утепав од читање и гледање видеа.
А за генерална оценка би можела дури и четворка да ѝ дадам на книгава, ако замижам пред некои работи што не ми се допаднаа ?
Неколку цитати кои ми се допаднаа (макар што имаше повеќе, ама не ги запамтив целосно за да ги најдам):
“Everything beautiful has a story it wants to tell.”
“The person who completes your life is not so much the person who shares all the years of your existence, but rather the person who made your life worth living, no matter how long or short a time you were given to spend with them.”
“People who say everything happens for a reason usually say that only when they agree with the reason.”