“The Shock Of The Fall” – Nathan Filer
Книга која претставува едно патување низ психата на ментално болно момче по име Метју. Книга која бара целосно внимание, бидејќи настаните бегаат од секаква временска рамка. Метју ја раскажува својата приказна – она што се случило во минатото, она што се случува во сегашноста, она кое навистина се случило, но и она за кое халуцинира. Откако неговиот брат доживува несреќа и умира, Метју се обидува да се опорави и да ја потполни празнината која ја чувствува. Книгата со следи неговиот живот почнувајќи до трагичниот настан во детството, па во наредните 10 години. Ме освои неговиот лик, навистина ми побуди длабоко сочувство и ми остави некоја тежина.
На самиот почеток на книгата пишуваше: Different fonts are used in this novel and this will enhance the reading experience. И ова беше една од работите кои ми се допадна во книгата. Користен е различен фонт низ раскажувањата, има и цртежи, а на некои делови како што читаш буквите почнуваат да стануваат сé побледи, за да се постигне ефектот.
Книгава нема некои големи случувања, единствениот прашалник во неа е како всушност умрел братот на Метју. Ама во ниту еден момент не ми беше досадна. Начинот на раскажување беше прилично едноставен, но силен. Не беа потребни никакви украсени реченици и висок стил. Тоа ќе имаше само спротивен ефект и ликот на Метју немаше да го почувствувам толку близок и реален.
Сепак, имаше многу убави цитати од кои ќе го издвојам овој:
“Mental illness turns people inwards. It’s keeps us forever trapped in the pain of our own minds, in the same way that the pain of a broken leg or a cut thumb will grab your attention, holding it so tightly that your good leg or your good thumb seem to cease to exist.”