“This Could Change Everything” – Jill Mansell
Елис има убав и среќен живот – момче кое ја сака, одлично уреден апартман во кој живеат заедно и добро платена работа во ординацијата на неговата мајка. Еден ден, таа испраќа писмо до нејзината пријателка, во кое без влакна на јазикот пишува за нејзината идна свекрва. Но, она што почнува како наивна шега меѓу две пријателки, се претвора во кошмар за Елис – следниот утро таа открива дека писмото е пратено до сите од нејзината имејл листа, вклучително и мајката на нејзиното момче. После целиот скандал, Елис останува без момче, без работа и без дом.
Изгубена и гневна, таа е приморана да почне од почеток. Се преселува во едно мало поткровје во центарот на градот и се вработува како шанкерка во кафе-барот отспротива. Таа набрзо се зближува со Зила – сопственичка на куќата во која живее, 80 годишна ведра бабичка, која има широк круг на познаници и пријатели. Кога Елис почнува да ги запознава блиските на Зила, животот почнува да ѝ се менува.
Ова беше многу шармантна, easy read книга, баш каква што ми требаше во моментов. Ретко читам чик-лит, ама ете, некогаш сакам да одморам со некоја лесна книга со која ќе го пуштам мозокот „на пасење“ ? Приказната беше шаренило од забавни ликови кои на почетокот беа раскажани во паралелни настани, ама на крајот сите завршија во многу интересен спој. Иако првично фокусот беше ставен на она што ѝ се случуваше на Елис, набрзо се појавија и други ликови, вниманието беше насочено подеднакво кон сите, па немав чувство дека има само два-три главни носители на целата приказна. Раскажувањето течеше толку лесно, што за книгава се фаќав во секој слободен момент, без разлика на тоа што некогаш бев многу уморна. Не чувствував дека ми одзема енергија – баш напротив. Ми даваше позитивни чувства ? Изобилуваше со многу убави моменти зачинети со добар хумор, кој ѝ даваше уште подобар шмек на приказната.
Инаку, сосема очекувано за ваквите книги – имаше неколку too good to be true моменти, ама искрено таа бајковитост мене не ми пречеше, беше сосема соодветен дел од неколку настани ?