“Us” – Susan Wiggs
“Us” e комплет од две книги во кои се содржани “The Story of Us” и “The Ocean Between Us”. Двете книги се поврзани и ја раскажуваат приказната за Грејс и Стив Бенет кои се 20 години во брак и имаат три прекрасни деца. Работата на Стив како поморски офицер доаѓа пред сè останато, а тоа значи постојани селидби и одалеченост од неговото семејство со месеци. Додека тој е на отворено море, Грејс постојано се грижи за нивните деца и ги прифаќа сите жртви кои ги бара таквиот живот. Но, после 20 години и толку изгубени заеднички моменти, таа почнува да се прашува дали сето тоа вреди во име на кариерата на Стив.
За прв пат читам приказна која разработува вакви настани и морам да кажам дека ми се допадна премногу. Ми ја исполни душата со топлина, а истовремено и ме растажи и ми го скрши срцето. Премногу се приврзав на ликовите и некако многу блиску ја почувствував нивната приказна.
Раскажувањето беше глатко и во ниту еден момент не почувствував досада. Баш напротив. Едвај чекав да видам како ќе се одвиваат настаните понатаму.
Сé што знаев за припадниците на воените морнарици пред да ја прочитам книгава, беше тоа дека се посветуваат себеси за да ѝ служат на државата, изложувајќи го својот живот на ризик. И кога и да прочитав некоја статија за загинати војници, прво што ми поминуваше низ глава беше тоа колку им е тешко на нивните семејства да се помират со таквата загуба.
Ама после книгава, сфатив дека таквиот номадски живот постојано носи загуби. Отпрвин имав впечаток дека таквото непрекинато преселување од место во место е многу авантуристички и никогаш досадно. Мислам дека ни самата не бев свесна колку е всушност тешко постојано да се живее во привремен дом, сé додека не дојде овој момент:
“Grace wondered what it would be like to live in a place where you could plant a garden and still be around to see how it turned out.”
Тогаш низ глава ми поминаа сите недостатоци што сам по себе ги носи тој живот. На секои 2 до 3 години ја менуваш целата рутина во која си живеел. Местото на живеење, домот, климата, соседите, пријателите, училиштето… буквално сé. На секои 2 до 3 години учиш како да функционираш во новата средина, со постојана помисла дека сето тоа е привремено и не можеш да си дозволиш долгорочни планови врзани за просторот. На секои 2 до 3 години, некогаш и против своја волја учиш да го сакаш новото место на живеење и од куќата да направиш дом. А тоа не е ни малку лесно.
Во меѓувреме годините поминуваат, а луѓето кои како служба кон државата заминуваат во мисија, пропуштаат многу од животот на нивните семејства. Првите зборови, првите чекори, првите запчиња, првите училишни денови… сите тие убави нешта во најголем дел таквите родители ги доживуваат само преку телефонски повик или имејл. Не можам ни да си замислам колку е тешко да не бидеш дел од тие убави спомени на семејството.
А ми се чини дека уште потешко е да бидеш од другата страна. Половина од годините во брак, ги минуваш будејќи се и заспивајќи во кревет каде другата половина е празна. Половина од спомените, не ги делиш со љубениот. Половина од животот го минуваш без него. Половина од времето си самохран родител. Постојано чувствуваш дека некој друг ти го диктира животот и како да немаш право на свои желби и мечти. Постојано се трудиш да се вклопиш во системот, ускратувајќи ги задоволствата кои би можел да ги имаш.
И мислам дека сите такви жени доаѓаат до точка кога сфаќаат дека животот им минал низ прифаќање на туѓата волја. Притоа, низ сите обиди да се приспособат на таквиот живот, се изгубиле себеси. Затоа што заборавиле какво хоби имале, што сакале и за што сонувале.
Во одреден момент од приказната мислам дека Грејс доби wake up call дека нешто недостасува во нејзиниот живот. Некаква страст кон нешто, некаква пасија која ќе ја негува преку неуморна работа. Нешто на кое ќе се оддаде и посвети максимално. Нешто кое ќе го создаде сама и ќе биде горда на тоа. Нешто свое.
Отпрвин мислев дека настаните ќе се движат во малку поинаква насока. Очекував феминистичка книга во која овојпат жената ќе ги земе сите конци во рака и ќе докаже дека може да направи нешто сама, без постојано да биде флексибилна кон мажот и неговата работа. Ама мило ми е што приказната се задржа во рамките на семејството.
Грејс ми беше права хероина – жена која целосно отцепена од нејзиното семејство од кое не добива никаква поткрепа, и маж кој половина од времето е во мисија, успеала да изгради хармонично семејство и да израсне и воспита три деца. Мошне млада и без поддршка на семејството влетува во таков брак, ама брзо успева да се вклопи во таквиот систем. Целата приказна за Грејс и Стив ми беше многу симпатична. Имаше некоја топлина и убава енергија што ја впивав додека ја читав. Ми се допадна и хуморот, баш убаво ја зачинуваше целата приказна ?
“Welcome to the class. I think you’ll be glad you joined. Before you know it, you’ll have arms like Demi Moore’s.”
“What, do you know her surgeon?”
Јас да ја пишував, и самата немаше подобар тек на настаните на напишам. Не успеав ништо од тоа да предвидам.
И уште еден цитат кој ми се допадна:
“Walking through other people’s homes made Grace feel as though she was visiting a foreign country with customs and habits she barely understood. She loved to study the gardens with perennials, displays of family photographs showing generations growing up in the same place. She was intrigued by the permanence of their way of life, and she studied it like an anthropologist researching a different culture.”