„Фаренхајт 451“ – Реј Бредбери

Дистописки роман напишан во 1953 година чија цел е да ја прикаже точката до која светот ќе дојде во иднина. 65 години подоцна, слободно можам да кажам дека ние веќе ја живееме таа иднина.

Романот прикажува општество во кое книгите се забранети, а единствениот извор на било какви информации е телевизијата. Општество во кое книгите се непријатели на човекот, затоа што му создаваат конфузија. Како последица на информациите во книгите, се јавуваат различни мислења за одредени теми кои предизвикуваат противречност кај луѓето.

Ова е приказна која раскажува за денот кога телевизијата ќе го уништи интересот за читање литература, а со тоа и ќе ги онеспособи луѓето сами да размислуваат.
Fahrenheit 451 е всушност температурата на која гори хартијата. Guy Montag е еден од “пожарникарите” чија задача е да ја изгорат секоја книга која постои, затоа што начитаниот човек е опасен човек. Плачот и гневот на луѓето чии библиотеки ги уништуваат, предизвикува љубопитност кај Montag која ќе го натера да украде неколку книги за да се увери во она што власта им го сервира преку телевизиите – книгите се непријатели на човекот. Со тоа се одведува во опасност, но најважното од сé е дека Montag ни малку не се уверува во опасноста од книгите. Напротив.

Книгава е малку филозофска, но мене многу ми се допадна затоа што начнува една многу интересна тема. Има многу убави цитати кои читателот ќе го натераат да размисли за тоа каква иднина не чека и колку лесно може човекот да биде изманипулиран благодарение на неговото незнаење. Ќе ве натера да се запрашате колку денес е ценета литературата и колку телевизијата (а 65 години подоцна и интернетот) служи за презентирање на добро спакувани информации извадени од контекст. Кога реков дека ние веќе ја живееме таа иднина, се повикував на фактот дека луѓето денес читаат, но не размислуваат. Само слепо ги прифаќаат информациите и полека сите се претопуваме во една маса, губејќи ја својата индивидуалност.

Еве дел од цитатите кои мене ми оставија впечаток:

“We must all be alike. Not everyone born free and equal, as the Constitution says, but everyone made equal. Each man the image of every other; then all are happy, for there are no mountains to make them cower, to judge themselves against. So! A book is a loaded gun in the house next door. Burn it. Take the shot from the weapon. Breach man’s mind. Who knows who might be the target of the well read man?”

“Coloured people don’t like Little Black Sambo. Burn it. White people don’t feel good about Uncle Tom’s Cabin. Burn it. Someone’s written a book on tobacco and cancer of the lungs? The cigarette people are weeping? Bum the book. Serenity, Montag. Peace, Montag.”

“So now do you see why books are hated and feared? They show the pores in the face of life. The comfortable people want only wax moon faces, poreless, hairless, expressionless. We are living in a time when flowers are trying to live on flowers, instead of growing on good rain and black loam.”

 

Би можело да ти се допадне и ова...