„Убави девојки“ – Карин Слотер
Пред повеќе од 20 години, сестрата на Клер и Лидија, тогаш тинејџерка, исчезнува без трага. Оттогаш тие две прекинуваат секаков контакт, а нивните животи се движат во сосема различна насока. Клер е сакана жена на милионер. Лидија е самохрана мајка која едвај крпи крај со крај. Но, ни едната ни другата се немаат опоравено после ужасната трагедија.
20 години подоцна, се случува убиство на средовечен маж кое испаѓа дека некако е поврзано со исчезнувањето на нивната сестра. Обединувајќи се после толку години, Клер и Лидија почнуваат да копаат низ минатото со цел да ја откријат вистината која го уништила нивното семејство.
Интересен трилер со многу непредвидливи пресврти кои го задржуваат вниманието. Во неколку наврати ми делуваше дека одредени моменти авторката ни ги ставила пред нос, сè со цел да нè наведе на погрешен пат, ама испадна дека сум била во заблуда.
Ми се допадна како беа доловени ликовите, иако ниту еден не ми беше нешто посебно симпатичен. Морам да кажам дека Клер како лик ми беше некако плитка, како да немаше ништо во неа. Целата слика што ја имав за неа во текот на читањето беше негувана жена со скапа гардероба, која повремено се занимава со хуманитарни акции. Ништо повеќе не видов од нејзиниот лик, со исклучок на еден момент при крајот на книгата. Лидија во тој поглед многу повеќе ми се допадна, како беше доловено нејзиното справување со исчезнувањето на сестра ѝ, како ја променило мајчинството и колку станала силна после сето тоа. Не беше ништо бајковито, дури и кога беше во прашање нејзиниот љубовен живот. Немаше принц на бел коњ што ја спасил, никакви клише моменти од тој тип. А раскажувањата на нивниот татко навистина ме погодија 🙁 Се сетив на сите емисии што сум ги гледала на телевизија за исчезнати луѓе, особено девојки. Најстрашна е мислата кога не знаеш каде е и дали воопшто е жива. А токму тоа не те пушта да продолжиш понатаму – таа трошка надеж дека некогаш пак ќе се врати. Сум гледала мајки, татковци и сестри кои баш тоа го викаат – знаат дека нивната ќерка/сестра е мртва, едноставно чувствуваат во себе, ама се надеваат дека барем ќе го најдат телото. За конечно да можат да се помират со тоа, да имаат т.н. „closure“.
Имаше некои делови од кои буквално ми се повраќаше, да можев ќе ги прескокнев. Нема ни да се обидам психолошки да анализирам луѓе кои се способни на брутално насилство.
Главно книгата ми се допадна, иако некои работи во приказната се повторуваа. Сепак не ми беше досадна, а имаше и добри цитати:
“It’s the truth. I’m sorry to be blunt about it, but girls don’t like guys who are doormats. Especially pretty girls, because there’s no novelty in it. Guys are hitting on them all of the time. They can’t walk down the street or order a coffee or stand on a corner without some idiot making a comment about how attractive they are. And the women smile because it’s easier than telling them to go fuck themselves. And less dangerous, because if a man rejects a woman, she goes home and cries for a few days. If a woman rejects a man, he can rape and kill her.”
“That’s when you fall in love with somebody. The lust and fucking like rabbits and letting your life fall to shit so you can be around him—that’s passion. It’s borderline obsession. And it always burns itself out. You know that, Liddie. That high never, ever lasts. But being in that hospital, taking care of him, I started to realize that what I had with Paul, what I thought I had, that was more than love. That was being in love. It was so tangible I could almost touch it with my hands. I could bite it with my teeth.”