“Alive” – Scott Sigler
Една девојка се буди заробена во ковчег, нема поим која е, ниту пак како воопшто дошла таму. Чувствува болка по телото, вика по помош, но никој не доаѓа да ја спаси. На крајот сама успева да се ослободи и да излезе од ковчегот, но во просторијата каде се наоѓа ја дочекува чудна ситуација – уште 11 други ковчези, сите од нив затворени.
Иако жанрот не ми е баш омилен, решив да ја прочитам зашто кратката содржина ветуваше интересна приказна. Арно ама, мене ми даде сосема поинаков впечаток за она што ќе се случува. Воопшто не замислував дека ќе оди во тој правец.
Првата половина е сиромашна, скоро ништо не се случува, можам слободно да ја прераскажам во три реченици. Потоа на виделина излегуваат многу работи, кои искрено мене ми беа малку смешни.
Можеби очекував друго, па затоа се разочарав. А можеби и не ми се допадна толку бидејќи не сум голем љубител на SF. Дефинитивно не е my cup of tea, но можеби на друг ептен ќе му се допадне. Баш ме изненадија многуте позитивни коментари на Goodreads, едвај дојдов до овој коментар со низок рејтинг и се изнасмеав додека го читав 😀 Ако не сте ја читале книгата – не го читајте! Во голем дел ги опиша моите впечатоци за кои не би можела толку слободно да пишувам овде, зашто премногу ќе откријам.