„Темјанушки во март“ – Сара Џио
Во дваесеттите години, Емили е во најдобриот период од нејзиниот живот – таа е авторка на Њујорк Тајмс бестселер и има сопруг кој секоја жена би го посакала.
Десет години подоцна, работите драстично се менуваат – Емили нема инспирација за нови книги, а нејзиниот сопруг ја остава за друга жена. Обидувајќи се да се врати во колосек, таа заминува кај нејзината тетка Би, на островот Беинбриџ. Малиот, но прекрасен остров е местото каде Емили го поминала целото свое детство, па откако ќе се врати таму после многу години, ќе ѝ се разбудат стари спомени од нејзината прва љубов и сите безгрижни денови. Со надеж дека повторно ќе може да почне да пишува и дека ќе ѝ се врати изгубената инспирација, таа наоѓа еден стар дневник од 1943 година, кој ѝ припаѓал на извесна Естер. Она што првично ѝ делува како производ на нечија имагинација, Емили ќе сфати дека е всушност вистинска приказна, поврзана со тајните на нејзиното семејство.
Кога ги прочитав првите реченици од кратката содржина, имав замисла во глава дека е една обична чик лит книга, полна со клише моменти какви сме виделе во многу романтични филмови. Ама ми беше препорачана и решив да ѝ дадам шанса. И не погрешив, затоа што сепак, има нешто повеќе во неа 🙂
Книгата паралелно ги раскажува двете приказни – закрепнувањето на Емили после таквиот пресврт што ѝ се случува и драматичниот живот на Естер која пред многу години живеела на островот. Цело време се обидував да ја најдам поврзаноста меѓу нив две, ама во ниту еден момент не бев апсолутно сигурна која е нивната врска. И ми се допадна тоа што (барем за мене) не беше многу предвидлива. Раскажувањето течеше лесно и на моменти толку спокојно, што забележав дека тие делови ги читам многу побавно. Како самата атмосфера во книгата да му даде бавен ритам на моето читање 🙂 Брзо се чита, кратка е, што ми е една од забелешките – имав чувство дека мене ми требаше повеќе време за да ми „легнат“ одредени настани, додека ликовите многу брзо се справуваа со сè што се случуваше. Кога сум веќе кај ликовите, беа едноставни и еднодимензионални, што ми е уште една забелешка. Сепак, генерално ми се допадна, можеби затоа што баш ваква книга ми требаше периодов. Додека ја читав на киндлот, забележував повеќе цитати од кои повеќето, не знам зошто, ми се изгубија. Ама успеав да се сетам на нешто, па да најдам барем неколку од нив:
“I was making scrambled eggs smothered in Tabasco, his favorite, when he told me about Stephanie. The way she made him laugh. The way she understood him. The way they connected. I pictured the image of two Lego pieces fusing together, and I shuddered. It’s funny; when I think back to that morning, I can actually smell burned eggs and Tabasco. Had I known that this is what the end of my marriage would smell like, I would have made pancakes.”
“There is something oddly therapeutic about trudging through marshy sand, the feeling of squishiness below the feet signaling to the brain that it’s OK to just let go for a while. And that’s what I did that morning.”
“The Big Apple is a fair-weather friend. The city loves you when you’re flying high and kicks you when you’re down.”