“The Woman Before Me” – Ruth Dugdall
Верувам дека не сум единствената на која од самата корица на книгава ја лазат морници… Ама искрено кажано, не е воопшто страшна и морничава.
Ја раскажува приказната за младата Роуз Вилкс – растроена жена која не може да се помири со смртта на нејзиниот син кој умира три дена по раѓањето. Барајќи утеха, таа се приврзува за Лука – син на нејзината пријателка. Деновите поминати со него ја лечат нејзината болка. Но, се случува трагедија во која умира Лука. Роуз ја чека уште потежок период од животот кога завршува зад решетки, бидејќи е единствена осомничена за неговата смрт.
Интересна книга, во која паралелно е дадено раскажување во трето лице и раскажувањата на Роуз. Кога ги читав нејзините делови, некако ме следеше меланхолија, ми даваше некое такво чувство. Не ги предвидов настаните, крајот ми беше сосема неочекуван. Некои делови не ми се допаднаа, мислам дека беа сосема непотребни. За некои настани не сфатив која им беше улогата. Ама затоа давам thumbs up за тоа како беше доловен ликот на Роуз, ми се чини дека целосно навлеговме во нејзините мозочни виуги. Во целина ми се допадна, им ја препорачувам на оние што сакаат психолошки трилери.