Лесна книга за летните денови: “The Last Anniversary”
Дејствието во оваа книга на Лиен Мориарти, се случува на Scribbly Gum Island – остров кој повеќе од 70 години е атракција, заради мистериозното исчезнување на Алис и Џек, млади сопружници кои зад себе го оставиле своето новороденче.
Софи е девојка која од раното детство се интересирала за оваа мистерија, а по некоја чудна игра на судбината, завршува во куќа на островот која ја добива во наследство. Одеднаш влегува во сите сплетки и интриги на единственото семејство кое живее на островот, а кое е поврзано со мистеријата.
Откако ја прочитав книгава дознав дека ова е всушност втората книга на Мориарти, што секако се чувствува во текот на читањето, барем за оние кои ја читале претходно. Далеку од нејзините најпродавани романи, ама не беше ни толку лоша, мене ми го задржуваше вниманието. Освен тоа, не ми беше толку предвидлива, барем јас во глава имав поинакво сценарио од она што всушност се случи на крајот во книгата.
Ако сакате лесно книжуле за топливе денови, ви ја препорачувам 🙂
“Love is a decision?’ ‘That’s right. A decision. Not a feeling. That’s what you young people don’t realise. That’s why you’re always off divorcing each other.”
“Every day is a gift, Jake. Of course sometimes it’s a really horrible gift that you don’t want.”
“A marriage is hard work and sometimes it’s a bit of a bore. It’s like housework. It’s never finished. You’ve just got to grit your teeth and keep working away at it, day after day.”