Мојата прва прочитана книга од Зафон

Дејствието на „Марина” е сместено во Барселона, во 1979 година. Шетајќи се низ улиците на градот, Оскар Драј завршува во куќата на Марина од каде во момент на паника, зема еден часовник. Сакајќи да го врати часвоникот, тој ќе се запознае со Марина, со која ќе се впушти во авантура на откривање на тајните од минатото на мистериозниот Михаил Колвеник – човек кој сака да ја победи смртта.

„Марина“ беше првата книга од Зафон која ја прочитав и беше доволна за да се вљубам во неговиот живописен начин на раскажување за да продолжам без двоумење да ги бирам неговите книги. Додека ја читав, се чувствував како мало дете кое без да трепна ја слуша приказната што му ја раскажуваат.
Ми се допадна начинот на кој Зафон ги опишува сцените, неговиот јазик секогаш е многу богат и убаво украсен. На моменти можев толку многу да се соживеам со настаните, што ми се чини дека почнав да ги доживувам истите чувства како и ликовите. Приказната го задржува вниманието, а особено ми се допаднаа описите на Барселона што се провлекуваат низ авантурите на Оскар и Марина. Додека ја читав, чувствував како да сум таму.

Иако е ставена во Young Adult категоријата, можам со сигурност да ви потврдам дека во неа би уживале и повозрасните читатели.

Би можело да ти се допадне и ова...