„Еден плус еден“ – Џоџо Мојес
Животот на Џес е навистина заплеткан – нејзиниот сопруг е исчезнат, нејзиниот посинок кој е тинејџер тврди дека е малтретиран, а нејзината ќерка која е гениј за математика, има животна шанса која таа не може да ѝ ја овозможи. Тогаш кога мисли дека сите бродови ѝ се потонати, во нејзиниот живот влетува Ед – чуден тип со свои проблеми, кој ќе се понуди да ѝ помогне. Сите заедно започнуваат едно авантуристичко патување…
Генерално гледано – книгава не ми беше толку лоша.
Во 75% од книгата беше опфатено неколку дневното патување, што звучи досадно, ама на мое изненадување – мене не ми беше. Ми се допадна како беше раскажано, како се менуваа ликовите и се надополнуваа настаните. Ќе ѝ дадам плус затоа што се пронајдов во некои делови и се соживеав со Џес и нејзината судбина. Буквално бев бесна кога доживеа неправда!
На моменти ми беше толку жал за нејзината ситуација и искрено се восхитував на нејзината снаодливост и оптимизам. Особено затоа што бев свесна дека Џес не е само лик од книга, туку во неа можеме да препознаеме многу самохрани мајки кои, за жал, на своите деца не можат да им дадат крилја да полетаат.
Книгава беше смешна и по малку тажна, на моменти може да ве изнерира, за веќе со следната страница да ви го стопли срцето 🙂
“You know, you spend your whole life feeling like you don’t quite fit in anywhere. And then you walk into a room one day, whether it’s at university or an office or some kind of club, and you just go, ‘Ah. There they are.’ And suddenly you feel at home.”
‘Look. Here’s the thing. I haven’t had sex in three years. I sort of need to get back on the horse, and I think
it – you – would be great.’
‘You want me to be a horse.’
😀 😀 😀