„Јас пред тебе“ – Џоџо Мојес
Луиза Кларк е обична девојка што живее еден многу обичен живот – има стабилна врска, сè уште живее со своите родители и скоро никогаш не отпатувала подалеку од гртчето во кое живее. Барајќи нова работа, сосема случајно ќе заврши во куќата на Вил Трејнор кој е врзан за инвалидска количка откако доживеал страшна несреќа. Луиза ќе има задача да му помага во секојдневниот живот и постојано да биде со него. Откако таа ќе дознае дека Вил има шокантни планови за неговата иднина, ќе даде сè од себе за да му покаже дека во животот има нешто за што сепак вреди да се живее.
Толку многу се навлеков на приказнава, што останував по цели ноќи за да читам. Официјално, ова е втора книга на која сум пуштила солзи. Крајните страници ги читав со грутка во грлото, а откако ја дочитав, не можев да заспијам некое време. Ми остави некоја тежина, буквално чувствував како ми се стега душата. Премногу се соживувам со туѓите приказни, макар и биле фиктивни. Тоа ми е голема мана.
Стилот на пишување ми се допадна премногу. Толку детално беа опишани сцените, што веќе во глава имав филм, дури можев и да ги почувствувам мирисите. Ми се допадна тоа што авторката не се обидувала да нé навлече на книгата преку мистериозен крај на секоја глава, туку самата приказна освојува и те тера да читаш понатаму за да видиш што ќе се случи. Ликовите беа убаво изградени и многу допадливи. Ми се стопли срцето кога гледав како се развива врската меѓу Луиза и Вил.
Во однос на содржината – уште некаде на средина можев да го видам крајот. И веројатно и јас кога би ја пишувала, би избрала таков тек на настаните. Ми се допадна и тоа што беше зачинета со хумор, па освен солзи, на моменти ми изнуди и насмевка. Во ниту еден момент не беше досадна, ништо не беше сувишно и непотребно, баш сè си беше на свое место. Единствено што ми фалеше беше барем еден дел да биде напишан од перспектива на Вил, очекував дека погледното поглавје ќе биде раскажано од него, за да можеме да ги видиме и неговите чувства.
Целата книга изобилува со многу убави цитати од кои ми беше многу тешко да одвојам барем неколку, па затоа ќе ви препорачам да ја прочитате целата книга, ви ветувам дека нема да зажалите.
“You only get one life. It’s actually your duty to live it as fully as possible.”
“Some mistakes… Just have greater consequences than others. But you don’t have to let the result of one mistake be the thing that defines you. You, Clark, have the choice not to let that happen.”
“Push yourself. Don’t Settle. Just live well. Just LIVE.”
“I hadn’t realized that music could unlock things in you, could transport you to somewhere even the composer hadn’t predicted. It left an imprint in the air around you, as if you carried its remnants with you when you went.”
“He smelt of the sun, as if it had seeped deep into his skin, and I found myself inhaling silently, as if he were something delicious.”
Што се однесува до филмот, не може ни најмалку да ги долови сите емоции на книгата, па затоа ве советувам најпрво да ја прочитате книгата. А ако веќе сакате да гледате одличен филм со слична тематика, ви го препорачувам The Intouchables.