„Сите твои совршености“ – Колин Хувер
Грахам и Квин се запознаваат на невообичаен начин – нејзиниот вереник и неговата девојка веќе извесно време се љубовници, а во тој момент ги начекуваат заедно во кревет. И двајцата решаваат да стават крај на нивните врски. По некое време се среќаваат, а откако сфаќаат дека постои страшна хемија меѓу нив и взаемна привлечност, тие започуваат врска. Осум години подоцна, тие се во брак и се обидуваат да зачнат дете. Сепак, подолг период не успеваат во тоа, што полека почнува да создава ѕид меѓу нив.
Од Хувер има книги кои премногу ми се допаднале, ама и такви за кои сум се чудела како воопшто може да се напишани од истата писателка. Сепак, секогаш одлучувам да им дадам шанса на нејзините книги, па така и со најновата. Прво морам да кажам дека ми се допадна концептот на книгата, бидејќи паралелно беа дадени сегашноста и минатото, па наизменично приказната одеше од најубавиот во најлошиот период од врската меѓу Квин и Грахам. Паралелно гледавме како се раѓа нивната љубов и како се распаѓа нивниот брак.
Ми се допадна и како беа доловени нивните проблеми – очајната желба за дете и суровата борба со неплодноста. Како сето тоа влијае на врската меѓу двајцата сопружници и дали љубовта и ветувањето „во добро и зло“ е доволно за да останат заедно. Броењето плодни и неплодни денови и моментот кога сексот станува само акт за зачнување на долгопосакуваното дете. Дали децата се суштината на бракот и дали истиот може да опстване без нив?
Книгата изобилуваше со убави цитати и ликовите ми беа допадливи, но оваа книга од Хувер од мене доби средна оценка поради две работи. Прво, низ читањето почувствував пресликување на други нејзини книги во приказната и мислам дека ќе ја препознаев и без да знаев дека таа ја напишала. Некои работи забележав дека ми се дежа ву. Второ, ликот на Грахам ми беше некако нереален, премногу совршен, без никакви мани и недостатоци. А не е дека Хувер не знае да напише книга со ликови кои ќе бидат премногу реални, ама ете, овојпат како малку да се заборавила во креирањето на неговиот лик 🙂
Цитати кои ги одвоив во текот на читањето:
“Sometimes people just naturally assume pregnancy follows a marriage. But people don’t think about the questions they ask others and they don’t realize how many times someone has already been forced to answer their question.”
“Sometimes when people change, it’s not always noticeable in a marriage, because the couple changes together, in the same direction. But sometimes people change in opposite directions.”
“The problem is, love and happiness are not concordant. One can exist without the other.”
“It’s strange how I can miss a person who is still here. It’s strange that I can miss making love to a person I still have sex with.”
“If a person believes they’re good-looking enough, the rest of the world eventually believes it, too.”
“Sometimes I miss the spontaneous lovemaking, too. But it got to a point where all our failed attempts at getting pregnant began to hurt too much. So much that I realized the less sex we had, the less disappointment I would feel. If we only had sex during the days I was ovulating, I would be disappointed a fewer number of times.”
“When you associate yourself with another person for so long, it’s difficult becoming your own person again.”
“We’re all full of flaws. Hundreds of them. They’re like tiny holes all over our skin. And like your fortune said, sometimes we shine too much light on our own flaws. But there are some people who try to ignore their own flaws by shining light on other people’s to the point that the other person’s flaws become their only focus. They pick at them, little by little, until they rip wide open and that’s all we become to them. One giant, gaping flaw.”
“What’s the secret to a perfect marriage?’ The old man leaned forward and looked at me very seriously. ‘Our marriage hasn’t been perfect. No marriage is perfect. There were times when she gave up on us. There were even more times when I gave up on us. The secret to our longevity is that we never gave up at the same time.”