“What Alice Forgot” – Liane Moriarty
Алис има 29 години, лудо е вљубена во нејзиниот сопруг и бремена е со нивното прво дете. Откако ќе се онесвести на пилатес час и ќе се разбуди во болница, сфаќа дека нејзиниот живот не е она на што таа се сеќава. Таа е шокирана кога ќе дознае дека всушност има 39 години, три деца и е во фаза на разведување од нејзиниот сопруг. Не може да се сети на ништо од последните 10 години, а нејзиниот живот ѝ се чини толку туѓ и непознат, што не може ниту да се препознае себеси. Сопругот кој толку го љубела сега не може да ја поднесе, сестра ѝ со која била толку блиска сега едвај зборува со неа, а нејзиното прво дете станало проблематично. Дали заборавањето на последната деценија од животот ќе биде благослов или проклетство и дали е возможно да измени некои работи?
Книгава беше една многу забавна приказна зачинета со добар хумор кој ме насмеа на глас 😀 Од една страна лесна и интересна книга која брзо се чита, но од друга страна беше едно поучно патување кон себеоткривање – на каков пат си почнал да се движиш низ животот, дали си ги исполнил сопствените замисли и очекувања, дали си станал подобра верзија од себеси и на крајот, дали би сменил нешто ако можеш да се вратиш назад во времето.
Веројатно сите кои ја прочитале книгава барем за момент се ставиле на местото на Алис и се вратиле назад во времето, прашувајќи се дали го живеат животот како што замислувале. Јас пред 10 години имав сосема поинаква перцепција на работите, а со тоа и поразлични планови за иднината. Сепак, не сум скршнала многу од патот и среќна сум што многу од сопствените очекувања од пред 10 години сум ги надминала 🙂
“What Alice Forgot” зборува за проблемите и некомуникацијата во бракот, за тоа како и колку се менува откако ќе дојдат децата, за борбата со неплодноста, за поделбите меѓу „мајки и немајки“, за тоа колку животните (не)прилики нè менуваат како личност.
“Relationships don’t stay the same. There isn’t time.”
“Early love is exciting and exhilarating. It’s light and bubbly. Anyone can love like that. But after three children, after a separation and a near-divorce, after you’ve hurt each other and forgiven each other, bored each other and surprised each other, after you’ve seen the worst and the best– well, that sort of love is ineffable. It deserves its own word.”
“We’d traveled, we’d been to lots of parties, lots of movies and concerts, we’d slept in. We’d done all those things that people with children seem to miss so passionately. We didn’t want those things anymore. We wanted a baby.”
“It was good to remember that for every horrible memory from her marriage, there was also a happy one. She wanted to see it clearly, to understand that it wasn’t all black, or all white. It was a million colors. And yes, ultimately it hadn’t worked out, but that was okay. Just because a marriage ended didn’t mean that it hadn’t been happy at times. She thought about that.”
“I remember thinking about how mothers were prepared to run into burning buildings to save their children’s lives. I thought I should be able to go through a bit more suffering, a bit more inconvenience to give my children life. It made me feel noble. But now I realize I’m a crazy woman running into a burning house for children who don’t exist.”
“there is nothing more patronizing to an Infertile than to hear a new mother complaining,”
“It’s like telling a blind person, “Oh, sure, you get to see mountains and sunsets, but there are also rubbish dumps and pollution!”
“Once, when Nick, Alice, and Elisabeth went away for a weekend together, Elisabeth spent ages at the breakfast table studying the “nutritional information” panel on the side of a container of yogurt, warning them darkly, “You have to be really careful with yogurt.” Whenever Nick and Alice ate yogurt after that, one of them would always shout, “Careful!”