Што последно си купив? – Книги!
Секогаш уживам кога шетам низ нашиве книжарници, гледам нови наслови и истражувам за книгите, читам коментари и гледам оценки, а на крајот го одбирам она што мислам дека најмногу би ми се допаднало. Некогаш одам со план за тоа што ќе купам, а некогаш влегувам со она „само разгледувам“ 🙂 И секогаш завршувам со барем една нова книга 😀
Последнава недела ја надополнив домашната библиотека со три нови наслови, па решив да ги споделам на мојот блог 🙂
„Ако ја познаваше сестра ми“ – Мишел Адамс
Ова е книгата поради која минатата недела влегов во книжарницата Култура, затоа што одамна ми беше на to-read листата. Добив многу препораки за неа, постојано ми излегуваше во recommendations на Goodreads, па решив дека дефинитивно тоа е наредната книга која морам да ја купам. Сакам трилери, особено со добро изградени ликови, па имам високи очекувања од неа.
„Странецот во мојот дом“ – Адел Паркс
Паркс никогаш не сум ја читала, иако многу често сум налетувала на нејзините книги. Неколку од нив се преведени на македонски јазик, а јас случајно влегов во Култура во среда, кога имаат „Среќна среда“ попуст на три наслови. Минатата недела меѓудругите и оваа книга беше на попуст, а од понудените три, некако најмногу ме привлече нејзината кратка содржина. Мислам дека ќе ми се допадне, ми наликува на некои книги кои досега сум ги читала и од мене добиле високи оценки.
„Аквариум“ – Кристина Тот
Или-или имаат неверојатен попуст кој трае до оваа сабота – 10 наслови, секој од нив чини по 100 денари. Откако ја разгледав листата на книги, прочитав кратка содржина и секако, истражив на Goodreads, мојот избор падна на „Аквариум“. Ми делува на многу трогателна, мрачна и дефинитивно не е книга по која би посегнала во секое време, но сакав да ѝ дадам шанса кога ќе имам желба да одморам од трилери 🙂