“Leaving Time” – Jodi Picoult
Џена Меткалф е 13 годишна тинејџерка која веќе 10 години ја бара нејзината исчезната мајка Алис. Таа одбива да се откаже од потрагата, секојдневно ја пребарува онлајн и ги чита нејзините стари дневници во обид да дознае нешто за нејзиниот живот. Сеќавањата на Џена за нејзината мајка се врзуваат со засолништето за слонови каде работела таа. Во целата потрага, Џена завршува кај Серенити – видовита жена која наводно може да комуницира со другиот свет. Во меѓувреме, таа го наоѓа Вирџил – детективот кој работел на случајот кога исчезнала Алис. Овие четири ликови се нараторите во приказната која наизменично ја раскажуваат од своја перспектива, се дополнуваат, за на крајот да ја добиете целосната слика за она што се случило.
Ова е книга која има крајно различни оценки на Goodreads – или добива единица, или петка. Од оваа причина ѝ пријдов прилично скептично, иако во текот на читањето воопшто не ми беше јасно зошто книгава има толку негативни коментари. Сепак, веќе при крајните поглавја сфатив зошто…
Мојата оценка сепак ќе се вброи меѓу високите. Џоди Пико и овојпат ме остави со еден куп позитивни импресии. Аудио книгата ја слушав во секој слободен момент и навистина уживав следејќи ги сите авантури на Алис, потрагата во која се впушти Џена, пријателството кое се роди меѓу неа и Серенити и Вирџил. Она што особено ми се допаѓа кај Пико како писателка е тоа колку добро ги истражува темите за кои пишува. Од книгава научив многу нови работи за слоновите, на моменти дури се почувствував како да гледам документарна емисија на Animal Planet 😀 Сепак, во ниту еден момент не ми беше досадно и вниманието ми беше 100% присутно.
Ликовите беа толку различни, допадливи и топли, што на повеќе моменти добив желба да ги гушнам. Приказната во неколку наврати најавуваше различен тек на настаните, па повеќепати го менував курсот на размислување за тоа како сè ќе заврши. Сепак, крајот потполно ме изненади.
Целата книга ми предизвика многу емоции, особено завршните поглавја кога се расплетуваше и веќе сè стануваше јасно. Тука веќе разбрав зошто на многумина не им се допаднала, ама и покрај тоа, мислам дека Пико успеала дури и ваква дискутабилна тема да ја претстави толку реално и да ја доближи до читателите.
Изобилуваше со моќни цитати, смирено извезени низ раскажувањето:
“I think grief is like a really ugly couch. It never goes away. You can decorate around it; you can slap a doily on top of it; you can push it to the corner of the room—but eventually, you learn to live with it.”
“Maybe growing up is just focusing on what you’ve got, instead of what you don’t.”
“A bruise is how the body remembers it’s been wronged.”
“Sometimes I think there’s no such thing as falling in love. It’s just the fear of losing someone.”
“Resolve is like porcelain, isn’t it? You can have the best intentions, but the moment there’s a hairline crack, it is only a matter of time before you go to pieces.”
“One of the most amazing things about elephants mourning in the wild is their ability to grieve hard, but then truly, unequivocally, let go. Humans can’t seem to do that. I’ve always thought it’s because of religion. We expect to see our loved ones again in the next life, whatever that might be. Elephants don’t have that hope, only the memories of this life. Maybe that’s why it is easier for them to move on.”