“Lethal” – Sandra Brown
Кога нејзината четиригодишна ќерка ќе ѝ каже дека во нивниот двор има повреден човек, Хонор излетува од куќата и брза за да му помогне. Но, она што не го знае е дека „повредениот човек“, е всушност Ли Кобурн, човек обвинет за убиството кое се случило претходната вечер во кое имало седум жртви. Опасен и вооружен, тој ѝ ветува на Хонор дека таа и нејзината ќерка нема да бидат повредени, сè додека таа соработува со него. Хонор нема друг избор освен да го прифати условот.
Наскоро таа дознава дека Ли не ја избрал нејзината куќа случајно. Тој знаел дека нејзиниот починат сопруг бил полициски службеник и за него тврди дека поседувал важни информации кои ја доведуваат Хонор и нејзината ќерка во сериозна опасност. Кобурн е таму за да ги добие тие информации – по секоја цена. Во меѓувреме, по Кобурн започнуваат потера, а тој е присилен да бега, со себе земајќи ја Хонор и нејзината ќерка.
Ако некогаш сте ја читале Сандра Браун, тогаш доволно е да кажам дека ова е нејзин типичен роман 🙂 И веќе знаете што да очекувате. Ги има сите елементи кои претходно ги имам сретнато во нејзините книги, дури препознав некои детали кои ми беа дежа ву, конкретно од нејзината книга „Стапица“. Можеби и затоа од мене овојпат Браун доби 3 ѕвездички. Ако претходно не ја читав „Стапица“, веројатно ќе ѝ дадев повисока оценка, но вака некои идеи ми беа веќе видени. И тоа е единствената критика која ќе ѝ ја упатам на книгава, макар што за волја на вистината, оваа е издадена години пред „Стапица“, само што јас ги читав по обратен редослед 🙂
Остатокот генерално ми се допадна. Сандра Браун секогаш добро ги истражува темите за кои пишува, секогаш приказните се многу заплеткани, но ништо не ѝ бега од вид, па сите прашања кои ги имате во глава на крајот ќе ви бидат одговорени. Кога мрежата ќе почне да се отплеткува, нештата ќе станат појасни и сè ќе почне да има смисла.
Ликовите мене лично ми беа допадливи, макар што не ги сакам клише моментите во пишувањето на Браун, ама можам да замижам пред сето тоа 🙂 Првата половина од книгата држи малку побавно темпо, а втората половина е веќе вистински ролеркостер од многу неочекувани моменти кои сигурно ќе ве остават изненадени.
“Put your hands on me. Pretend this means something.”
“And then he pressed into her. First his thighs, then his middle, his chest, and finally his mouth. She made a whimpering sound, but its definition was unclear even to her, until she realized that her arms had gone around him instinctually, and that she was clutching his back, his shoulders, her hands restless and greedy for the feel of him.
He kissed her openmouthed, using his tongue, and when she kissed back, she felt the hum that vibrated deep inside his chest. It was the kind of hungry sound she hadn’t heard in a long time. Masculine and carnal, it thrilled and aroused her.”
“He braced himself for happiness like he’d never known in his entire life.”