“Someday, Someday, Maybe” – Lauren Graham
Френи е 28 годишна девојка која следејќи го својот сон да стане актерка, се преселува во Њујорк, каде со двајца цимери дели стан во Бруклин. Знаејќи колку е тешко да го најдеш своето место во шоубизнисот, откако пристигнува во големиот град, таа си дава рок од три години за да успее во актерската кариера. На шест месеци до тој рок, Френи е изгубена, тешко наоѓа улоги, освен за очајни реклами од кои малку е платена, а паралелно работи како келнерка. Додека мие садови, послужува храна, дели флаери и се труди да заработи како знае и умее, таа трча на аудиции, учи текстови и сонува за денот кога конечно ќе најде улога во која ќе заблеска. Секојдневно се соочува со финансиски проблеми и е на работ на егзистенцијата, а после толку аудиции на кои не поминува, почнува да се сомнева во нејзиниот талент. Се среќава со луѓе од нејзината генерација кои во меѓувреме нашле стабилна работа и почнале да го градат својот живот, додека таа сè уште тапка во место обидувајќи се да си го најде своето место под сонцето. Нејзиниот татко сака Френи да се врати дома и да се откаже од актерската кариера, но таа е решена да си даде уште една шанса. Нејзиниот агент скоро и да не ја бара, но таа сè уште не губи надеж. Во меѓувреме, на часовите по глума се запознава со еден шармантен колега кој имал неколку важни улоги, а со кого започнуваат да вежбаат заедно. Додека тој ѝ помага околу техниките и ѝ ги пренесува неговите знаења, меѓу нив се раѓа искра…
Морам да признаам дека книгава беше многу над моите очекувања! Навистина позитивно ме изненади, иако мојата замисла беше дека ќе добијам лесна лимонатка, нешто веќе видено, со еден збор – клише. Ама сепак ја одбрав, затоа што барав некоја чик-лит книга, па овој наслов ми беше меѓу аудио книгите кои чекаа да дојдат на ред.
Кога изборот падна на неа, ја прочитав само кратката содржина, но не обрнав внимание на тоа кој ја напишал 🙂 А можеби и подобро, затоа што ако забележев дека зад неа стои Лорен Греам, верувам дека немаше ни да посегнам по неа, затоа што најверојатно ќе си речев: Пих, холивудска актерка седнала да пишува книга. No, thank you.
Арно ама, книгата не само што не беше лоша, туку и многу ми се допадна и беше сосема спротивно на тоа што очекував. Приказната е многу шармантна, ликовите се допадливи, а дијалозите интересни. Нема клише моменти, нема принцови на бели коњи, нема бајки и среќни краеви со „си живееле заедно до крајот на животот“. Сè беше многу реално, а фактот дека и самата Лорен е актерка која помалку или повеќе поминала низ истото, дополнително ја направи приказната поавтентична. Исто така, ми се допадна тоа што настаните се случуваат во ’95, па имаше некој ретро, ’90s vibe, од времето кога немало мобилни телефони, а компјутерите ретко се користеле, од времето кога модата, шминката и стилот биле сосема поинакви од она денес.
Раскажувањето тече слободно и глатко, а низ настаните се провејува хумор кој неколкупати ме насмеа на глас 😀 Френи ми беше ептен симпатична и ми се допадна што беше фрлено светло на нејзината позадина. Не беше плитка како лик, туку Лорен ни дозволила малку подлабоко да ѕирнеме во нејзината душа, да стигнеме до оној момент од нејзиното минато каде се родила нејзината љубов кон актерството. Многу ми се допадна како лик, додека ја читав имав целосна претстава за тоа што ѝ се случува и како се чувствува.
Наратор на аудио книгата е самата Лорен, па тука веќе ми стана јасно зошто аудио верзијата е толку добра. Кога авторот сам си ја чита книгата, дополнително кога авторот е и актер – добивате одлична нарација, толку прекрасно доловена, што изгледа како да се одвива цел театар во вашата глава! Сериозно верувам дека голем удел во мојот впечаток за книгава имаше и нарацијата. Можеби немаше да ми се допадне толку многу ако ја читав во печатена верзија.
Мислам дека книгава би била одличен филм 🙂
Имаше многу убави цитати, штета што не ги запишував додека ја слушав, но еве дел од нив:
“The lens feels like another person in the room, a person who never speaks or smiles, who only stares without blinking, never looking away.”
“Maybe the trick is for me to always be in some sort of disguise, to always be dressed to play someone else. Only then can I really appreciate myself.”
“Once again, I’ve been thwarted by the massive difference between my vision of the successful me and the me I’m currently stuck with.”
“I have to introduce the part of me that feels like a winner to the part of me convinced I’m a loser, and see if they can’t agree to exist somewhere closer to the middle.”
“That’s the thing that always stuck out to me – the idea that quantity becomes quality. I always took it to mean if you do anything enough, if you keep putting effort in, eventually something will happen, with or without you. You don’t have to have faith when you start out, you just have to dedicate yourself to practice as if you have it.”
“We’re all working hard, but so far away from what we actually want to be doing. We’re all peering in at the window of a party we aren’t invited to yet, a party we wouldn’t know how to dress for, or what kind of conversation to make, even if we came as someone’s guest.”
“I don’t know what happens in between today and the night of my career retrospective. But on the bright side, I can picture those two things at least, can imagine the events like bookends, even if the actual books on the shelves between them aren’t yet written.”
“Anyone can smile on their best day. I like to meet a man who can smile on his WORST.”