Аудио книги на македонски јазик
Пред извесно време пишував за Предностите и маните на аудио книгите, а со оглед на тоа дека постојано слушам аудио верзии, паралелно на печатените и е-книгите кои ги читам, најчестото прашање кое го добивам е – Дали има аудио книги на македонски јазик?
Одговорот е ДА! 🙂 Секако, нема толку голем избор на наслови како на англиски јазик, но сепак постои бројна листа на книги за кои се направени аудио верзии.
Знам дека многумина не ги сакаат и генерално мал дел од македонските љубители на книги се ориентирани кон аудио книгите, но во последно време забележувам зголемен интерес за истите, што веројатно меѓудругото се должи на практичноста што ја нудат.
Во изминатите неколку години, во медиумите неколкупати читав за различни проекти за продуцирање на аудио книги, главно ориентирани кон слепите и слабовидни лица на кои ќе им се овозможи пристап до литературните дела. За жал, за некои од проектите на кои се сеќавав, не успеав да најдам информација дали во меѓувреме се реализирале и каде би можеле да се најдат аудио книгите. Меѓу останатите, Националниот сојуз на слепите досега во неколку наврати промовираше нови наслови, а на нивниот веб сајт ќе ја најдете листата со книги кои се прикачени и кои можете да ги слушате онлајн.
Иако досега сите аудио книги кои сум ги слушала биле на англиски јазик, неодамна решив да им дадам шанса на македонските верзии. На посочениот сајт ќе најдете многу интересни наслови, а јас веќе избрав една од нив која ќе ми биде следна за слушање 🙂
БОНУС: Овде можете да прочитате за новите аудио книги на македонски јазик.