Кој е најупотребуваниот збор во македонските наслови на книги?

Замислете си ја следната ситуација – одите во книжарница и барате книга на чиј наслов и писател никако не можете да се сетите, ама сте запамтиле дека во насловот го има зборот „зима“, или можеби „снег“… Од книжарницата се обидуваат да ви помогнат и да ги најдат сите можни наслови кои одговараат на вашиот опис.
Ленинградска зима?“ – Не, не беше таа. „Зима со мирис на капини?“ – Не, не. „Можеби Снежното дете или Снешко?“ – Не, тие две ги имам читано. „А Бела како снег?“ – Не, мислам дека сепак немаше снег во насловот. „Хмм… Мртва ладна?“ -…
Тука веќе сфаќате колку многу наслови го содржат истиот збор, или асоцираат на истото 🙂

Пред некое време налетав на резултати од едно истражување посветено на fiction books, според кое зборовите girl/girls се најчести зборови кои можат да се сретнат во насловите на книгите. Ако го впишете зборот girl во пребарувачот на Goodreads, ќе добиете 130.254 резултати.

Ова предизвика доволно љубопитство кај мене за да ги истражам и македонските изданија на книги 🙂 Веројатно не успеав да го спроведам истражувањето докрај и сигурно сум пропуштила уште некоја книга, но досега најдов вкупно 35 наслови со зборовите девојка/девојката/девојки/девојките.

  1. Девојката од Бруклин – Гијом Мисо
  2. Девојката од хартија – Гијом Мисо
  3. Девојката и ноќта – Гијом Мисо
  4. Убави девојки – Карин Слотер
  5. Девојката што си играше со оган – Стиг Ларсон
  6. Девојката со тетоважа на змеј – Стиг Ларсон
  7. Девојката што го урна осилото – Стиг Ларсон
  8. Онлајн девојка – Зои Саг
  9. Онлајн девојка на турнеја – Зои Саг
  10. Девојката пред мене – Џ.П Дилејни
  11. Девојката со портокали – Јустејн Гордер
  12. Девојката со бисерна обетка – Трејси Шевалие
  13. Девојката што ја остави зад себе – Џоџо Мојес
  14. Изгубената девојка – Катрин Крофт
  15. Девојката врана – Ерик Аксл Сунд
  16. Девојката која ја бркаше месечината – Сара Адисон Ален
  17. Девојката со зелените очи – Милица Јаковлевиќ
  18. Девојките – Ема Клајн
  19. Девојката без минато – Катрин Крофт
  20. Девојката што пишуваше на свила – Кели Естиз
  21. Најсреќната девојка на светот – Џесика Нол
  22. Девојката од возот – Пола Хокинс
  23. Девојката што го спаси кралот на Шведска – Јонас Јонасон
  24. Девојката која трчаше со волците – Шерил Стрејд
  25. Водич на модерните девојки за возбудливи состаноци – Сара Ајвенс
  26. Девојките од песочниот замок – Крис Бохџалијан
  27. Девојка-Ѕвер – Едуард Лимонов
  28. Девојката на командантот – Пам Џеноф
  29. Девојките од платната – Кејти Мери Бјукенан
  30. Вљубени девојки – Џеклин Вилсон
  31. Девојки под притисок – Џеклин Вилсон
  32. Водич за животот на феноменалните девојки – Ким Изо Кери Марш
  33. Лоши девојки – Џеклин Вилсон
  34. Девојката во пајакова мрежа – Давид Лагеркранц
  35. Девојката што сакаше одмазда – Давид Лагеркранц

Би можело да ти се допадне и ова...