„Каде исчезна, Бернадет? “ – Марија Семпл
Запознајте ја Бернадет. Успешна во својата работа, многу ценета меѓу архитектите и посветена мајка на 15 годишната Би. За нејзиниот сопруг кој е Microsoft-гениј, таа е ексцентрична и своеглава, а за останатите мајки Бернадет е крајно асоцијална и дрска.
Кога нејзината ќерка успешно ќе ја заврши учебната година, таа го бара она што ѝ било ветено – семејно патување на Антартикот. За интровертната Бернадет која и онака со години се мачи да се вклопи во Сиетл, ова делува како нешто незамисливо. Во меѓувреме, нејзиниот сопруг е загрижен заради апчињата кои ги пие и мисли дека ѝ е потребна стручна помош. Тогаш, Бернадет исчезнува.
Би е убедена дека нејзината мајка е на Антартикот и тргнува во потрага по неа.
За почеток морам да кажам дека книгава многу често ми се појавуваше во ‘recommendations’ прозорчето, ама некако упорно ја заобиколував, мислејќи дека се работи за YA книга. Сепак, испадна дека сум била во заблуда.
Решив да ѝ дадам шанса и иако првите поглавја ги слушав расцепкано и развлечено, поради што малку подзаборавав кој е кој и на кого што му се случува, сепак веќе од втората третина почнав да ја слушам поактивно и повеќе се внесов во приказната. Ова беше една многу интересна книга, исполнета со скриени пораки за животот и семејството, со хумор кој ме насмеа на глас, со лепеза од најразлични ликови од кои дел ми прираснаа за срце. Лесно се чита, односно слуша и го задржува вниманието. Приказната е раскажана преку повеќе ликови, некои од нив важни, а некои помалку важни, често во форма на писма испратени од еден кон друг.
За крај – морам да упатам само пофалби за аудио верзијата на Audible! Иако имаше многу раскажувачи во книгата, а само еден наратор, многу лесно ќе можете да препознаете кој лик раскажува. Ми се допадна како беше доловена, со солзи, смеа, пеење и секако – многу драматизирање 😀 Навистина уживав додека ја слушав!
“People like you must create. If you don’t create, Bernadette, you will become a menace to society.”
“Here’s something about Mom: she’s bad with annoyances, but great in a crisis. If a waiter doesn’t refill her water after she’s asked three times, or she forgets her dark glasses when the sun comes out, look out! But when it comes to something truly bad happening, Mom plugs into this supreme calm.”
“The sky in Seattle is so low, it felt like God had lowered a silk parachute over us.”
“Just because it’s complicated, just because you think you can’t ever know everything about another person, it doesn’t mean you can’t try.”
“That’s right,’ she told the girls. ‘You are bored. And I’m going to let you in on a little secret about life. You think it’s boring now? Well, it only gets more boring. The sooner you learn it’s on you to make life interesting, the better off you’ll be.”