„Еленор Олифант е океј“ – Гејл Ханимен
Запознајте ја Еленор Олифант. Таа е девојка со тајни со кои не може да се соочи цел живот. Таа си има проблем со социјалните вештини и има обичај да го кажува баш тоа што го мисли. Таа се убедува себеси дека ништо не недостига во нејзиното внимателно испланирано време каде што викендите се посветени на замрзната пица, вотка и телефонски разговори со Мама. Сево ова значи дека Еленор е станата роб на навиките, а и малку осамена.
Но, сè се менува кога Еленор го запознава Рејмонд, пелтечавиот и несреден тип од ИТ во фирмата каде што таа работи. Кога таа и Рејмонд заедно го спасуваат Семи, еден постар човек кој доживува незгода на улица, тројцата стануваа еден вид на пријатели кои меѓусебно се спасуваат од изолацијата во која живеат.
Низ низа горко слатки и траги комични моменти, големото срце на Рејмонд ќе ѝ помогне на Еленор да најде начин да го поправи нејзиното крајно оштетено срце. А ако таа конечно успее да се соочи со тајните што ги крие, можеби ќе успее да најде и пријателство, па можеби дури и љубов.
Ова е книга која веќе некое време да среќавав во препораките на Goodreads и од некоја причина (а многу веројатно заради изгледот на корицата) бев убедена дека се работи за YA книга. Всушност, самата корица беше една од причините да ја отворам и да видам за што се работи.
Ја слушав аудио верзијата која ми правеше друштво во секојдневните обврски и морам да признаам дека на моменти подзастанував додека работев, затоа што имав потреба да го процесирам она што се случуваше. Еленор… Еленор на моменти ми личеше на кокиче – кревка, но доволно силна за да избие од под снегот. На моменти ми личеше и на кактус, испуштајќи иглички на сите страни преку нејзините несоодветни зборови. На крајот, сепак почувствував желба да ја гушнам, зашто колку и да ми беа смешни нејзините испади преку кои јасно се гледаше нејзината асоцијалност, сепак нејзината судбина ми беше многу трагична. На моменти ми беше толку жал за неа, за она што го преживеала, за лузните кои ја израснале во личност каква што е. Она што најмногу ми се допадна кај нејзиниот лик е тоа што и покрај сè, таа не се сожалуваше себеси. Баш напротив, се сметаше за среќна што имала такви животни околности, самата велејќи дека можеле да бидат далеку полоши.
Иако останатите ликови не се толку детално обработени, сепак тоа не ми пречеше, затоа што главниот фокус беше на Еленор, чиј лик беше обработен до срж, а тоа ми беше најважно.
“If someone asks you how you are, you are meant to say FINE. You are not meant to say that you cried yourself to sleep last night because you hadn’t spoken to another person for two consecutive days. FINE is what you say.”
“In principle and reality, libraries are life-enhancing palaces of wonder.”
“A philosophical question: if a tree falls in a forest and no one is around to hear it, does it make a sound? And if a woman who’s wholly alone occasionally talks to a pot plant, is she certifiable? I think that it is perfectly normal to talk to oneself occasionally. It’s not as though I’m expecting a reply. I’m fully aware that Polly is a houseplant.”
“These days, loneliness is the new cancer–-a shameful, embarrassing thing, brought upon yourself in some obscure way. A fearful, incurable thing, so horrifying that you dare not mention it; other people don’t want to hear the word spoken aloud for fear that they might too be afflicted, or that it might tempt fate into visiting a similar horror upon them.”
“Some people, weak people, fear solitude. What they fail to understand is that you don’t need anyone, you can take care of yourself.”