Нови книги кои ги добив како подарок
Книгите се секогаш убав подарок за секаков повод, па дури и како свадбен подарок наместо букет цвеќе или бонбониера 🙂 Особено кога книгата е обележана со убава посвета, тоа е подарок кој останува засекогаш и нема ниту да овене, ниту да се изеде 😀
Неодамна по повод мојата свадба добив неколку книги, кои решив да ги споделам овде со вас. Интересно ми беше тоа што во моето ново купче книги кое брои пет наслови, добив сосема различни жанрови и ниту една од нив ја немам во домашната библиотека. Почнувајќи од Џули Џејмс која е позната во чик литературата, преку Лујза Хеј која плива во водите на психологијата, па сѐ до Ден Браун кој верувам дека барем на повеќето ви е веќе познато име.
Ниту еден од овие писатели го немам читано досега, па ова ќе биде одлична прилика да се запознаам со нивните дела и можеби да најдам ново омилено име во литературата 🙂