Хотели кои нудат бесплатни книги за своите гости

Со свежи импресии од летниот одмор, се враќам со убави впечатоци од гостопримството кое го искусив од секаков аспект, а меѓудругото и она поврзано со книгите 🙂


Убаво е чувството кога гледате дека како читател сте добредојдени секаде, па хотелите се трудат да ви го направат одморот попријатен преку тоа што на располагање ви даваат бесплатни книги. Ако случајно заборавите во вашиот куфер да спакувате некој наслов кој ќе ве дружи на плажа или базен – без грижи, затоа што хотелите нудат книги за своите гости. Книгите се бесплатни и никој не води евиденција кој наслов сте го земале, или колку време сте го задржале кај себе. Секако, пожелно е при крајот на одморот да ја вратите книгата, за да може и некој следен гостин да ужива во неа 🙂


Она што особено пријатно ме изненади беше големиот избор не само на различни жанрови, туку и на различни јазици, вообичаено сортирани во групи и убаво обележани со знаменца на државите. Земајќи предвид од кои држави еден хотел има најмногу гости, вообичаено со такви книги ја снабдуваат својата библиотека. Меѓу книги на англиски, германски, полски, руски, германски, француски и многу други јазици, не начекав некоја на македонски јазик, но сигурна сум дека секој би можел да најде книга на јазик кој го разбира 🙂

Би можело да ти се допадне и ова...