ITW ги прогласи најдобрите трилери за 2019 година
Со оглед на тоа дека во анкетата поставена на мојот блог најмногу читатели гласале дека сакаат да читаат трилери, решив дека вреди оваа вест да ја споделам тука 🙂
На 13 јули оваа година, ITW (International Thriller Writers) ги прогласи најдобрите трилери за 2019 и тоа во повеќе категории. ITW е здружение на писатели ширум светот кои пишуваат трилери, а секоја година ги одбира најдобрите, без разлика дали станува збор за книги од писатели кои веќе се докажани во овој жанр, или можеби почетници на кои им се дава можност да стекнат поголема популарност и продаваност.
Почнувајќи од 2004 година, ITW денес брои повеќе од 4500 членови од 49 земји, а освен тоа што секоја година ги одбира најдобрите трилери, исто така организира најразлични работилници и го промовира читањето на овој жанр.
Оваа година, победници се следните книги 🙂
BEST HARDCOVER NOVEL: Jennifer Hillier — JAR OF HEARTS
BEST FIRST NOVEL: C. J. Tudor — THE CHALK MAN
BEST PAPERBACK ORIGINAL NOVEL: Jane Harper — THE LOST MAN
BEST SHORT STORY: Helen Smith — NANA
BEST E-BOOK ORIGINAL NOVEL: Alan Orloff — PRAY FOR THE INNOCENT
BEST YOUNG ADULT NOVEL: Teri Bailey Black — GIRL AT THE GRAVE