„Прва брачна ноќ“ – Софи Кинсела
Лоти е убедена дека нејзиното момче Ричард за многу брзо време ќе ја запроси. Сите знаци укажуваат на тоа – заедно се веќе неколку години, се сакаат и сложуваат, а тој без никаков посебен повод ја носи на романтична вечера во ексклузивен ресторан, велејќи ѝ дека има важно прашање за неа. И додека таа се подготвува да каже „ДА!“, останува шокирана кога сфаќа дека тоа не е прашањето кое сака да го чуе. Не само што Ричард не планирал да ја запроси, туку тој е збунет зошто воопшто Лоти си помислила на такво нешто. Разочарана и со мислата дека нивната врска не оди никаде, Лоти му раскинува на Ричард. Нејзината сестра Флис е загрижена, знаејќи дека после секое големо животно разочарување, Лоти прави непромислени работи. Па, ни овојпат не е исклучок. Лоти сосема случајно се среќава со нејзината прва љубов од младоста, Бен, со кого поминала незаборавно лето во Грција. Очајна да заборави на Ричард, Лоти „паѓа“ на шармот на Бен, а тој ѝ кажува дека никогаш не заборавил на неа и згрешил што не се борел за нивната љубов. Тие двајца решаваат да го исполнат договорот кој го склучиле пред повеќе од една деценија – ако на 30 години и двајцата не се во брак или врска, ќе бидат заедно. Сите се вчудоневидени кога тие го соопштуваат нивниот план – ќе се венчаат и ќе заминат на меден месец на истото место во Грција каде се запознале. Но, тука се најдобриот пријател на Бен и сестрата на Лоти кои се одлучени по секоја цена да го сопрат лудилото.
Аудио верзијата на книгава веќе некое време ми беше на листа, но тешко се одлучив за неа бидејќи прочитав многу негативни коментари на Goodreads. Додека на едни читатели многу им се допаднала и ја оцениле како типична книга на Кинсела, други имаа низа забелешки коментирајќи дека ова е далеку од нејзините најчитани и најпознати чик-лит книги. Па, можеби заради моите ниски очекувања, книгава позитивно ме изненади. Ликовите ми беа симпатични, иако имаа некои глупави постапки и на моменти малку ми одеа на нерви, но генерално книгава ми беше многу забавна и ми правеше друштво додека ги вршев домашните обврски 🙂 Имаше и убави цитати кои за жал немав како да ги забележам, но тука е Goodreads и читателите ширум светот кои ми помогнаа во тоа 😀 Аудио верзијата е одлична, ја читаат три наратори, па лесно е за препознавање на гласовите на ликовите. Приказната е раскажана од перспектива на три ликови, меѓу кои Лоти и Флис, а на крајот се појавува уште еден лик. Толку бев внесена во целата урнебесна приказна, што на некои испади на ликовите јас едногласно со нив викав WHAT?! 😀
Супер easy-read за овие летни денови 🙂
“Men who want to get married propose. You don’t need to read the signs. They propose and that’s the sign.”
“A divorce is like a controlled explosion. Everyone on the outside is OK.”
“Youth is still where you left it, and that’s where it should stay. Anything that was worth taking on life’s journey, you’ll already have taken with you.”