„Американски брак“ – Тајари Џонс
„Американски брак“ ја следи судбината на младиот афро-американски брачен пар, Рој и Селесте. Рој отсекогаш играл по прваилата и направил сè како што треба. Израснат во работничко семејство од Луизијана, се изборил за школарина во колеџот „Морхаус“. Кога се оженил за Селесте, таа веќе напредувала во својата уметничка кариера. Нивната приказна се менува кога Рој ќе биде уапсен за кривично дело што не го извршил. Од затворот во Луизијана, со сопругата разменуваат писма. Во меѓувреме, Селесте ја обновува врската со стариот пријател Андре…
Ќе бидам целосно искрена – очекував малку повеќе од книгава.
Далеку од тоа дека беше лоша, баш напротив, на крајот ја оценив со четири ѕвездички, ама како нешто да ми недостасуваше. Мислам дека главниот виновник за таквиот мој впечаток беа големите очекувања кои следеа после многуте препораки, меѓу кои и оние од Опра и Обама.
Книгата раскажува за моментот кога Рој завршува во затвор, како преку писма со неговата сопруга комуницираат додека ја одлежува казната, како сето тоа влијае врз нивните брачни односи, и конечно, што се случува со нивниот брак откако Рој ќе излезе од затвор. Не зборува многу за текот на судскиот процес, всушност, тоа само попатно е споменато. Главниот фокус генерално беше ставен на тоа како се менуваше врската меѓу Рој и Селесте, нешто кое можевме да го следиме чекор по чекор, преку нивните меѓусебни писма.
Книгава допира една многу чувствителна тема, за тоа колку е тешко да си успешен афро-Американец и колку лесно можеш да изгубиш сè за што напорно си работел. Верувам дека барем мал дел од причините поради кои оваа книга стана толку популарна, е токму темата која ја разработува, а можеби не толку приказната или начинот на кој е раскажана.
Кога ќе размислам, можеби знам што всушност ми недостасуваше тука – никако не успеав да се поврзам со некој од главните ликовите. Ниту со Рој, а уште помалку со Селесте. Лесно можам да се соживеам со ликовите, до степен што нивните фиктивни судбини ми предизвикуваат многу силни емоции, но овојпат, од некоја непозната причина, не беше така. Можеби поради тоа импресиите од „Американски брак“ ми беа малку поинакви од очекувањата. Но, во секој случај, ми се допадна доволно за да кажам дека ја препорачувам 🙂
Во прилог некои од цитатите кои ми се допаднаа:
“But home isn’t where you land; home is where you launch. You can’t pick your home any more than you can choose your family. In poker, you get five cards. Three of them you can swap out, but two are yours to keep: family and native land.”
“There should be a word for this, the way it feels to steal something that’s already yours.”
“Sometimes when you like where you end up, you don’t care how you got there.”
“There are too many loose ends in the world in need of knots.”
“It was a wonderful feeling to be grown and yet young. To be married but not settled. To be tied down yet free.”
“Love is the enemy of sound judgment, and occasionally this is in service of the good.”
“You can never really unlove somebody. Maybe it changes shape, but it’s there.”