Амазон ги прогласи најдобрите книги за 2019 година
Крајот на 2019 година се наближува, а тоа значи дека е време за изборот на најдобри книги кои го прават уредниците на Амазон. Па, драги вљубеници на книгите – пристигна листата на топ книги за оваа година!
Честа да се најде на првото место оваа година го имаше најновата книга на Маргарет Атвуд, “The Testaments”. Ова е роман кој крена голема прашина откако Амазон по грешка порано испорача примероци до одреден број среќни читатели 😀 Цела недела пред таа да биде официјално објавена, приближно 800 копии од книгата завршија во поштенските сандачиња на читатели кои ја порачале од Амазон. Поради оваа ужасна грешка, издавачката куќа Penguin Random House ги замоли читателите да ја чуваат книгата во тајност до официјалната промоција. Без разлика дали се работи за грешка, или едноставно за маркетиншки трик, едно е сигурно – Амазон усреќи 800 читатели порано 🙂
Што се однесува до самата содржина, последната книга на Атвуд е всушност долгоочекувано продолжение на нејзиниот познат дистописки роман „Приказната на робинката“, објавен и на македонски јазик, во издание на Бегемот. Инаку, од објавувањето во септември, “The Testaments” за брзо време стана Њујорк Тајмс бестселер, а неодамна ја освои и престижната награда „Букер“.
На второто место имаме уште едно продолжение на веќе познат и мошне наградуван роман. Се работи за “The Nickel Boys” од Колсон Вајтхед, книга која е продолжение на „Подземната железница“, роман кој се закити со Пулицерова награда, а кој е преведен на македонски јазик во издание на Артконект. Приказната која започнува на плантажите за памук во Џорџија, ја следи судбината на младите робови Кора и Цезар, кои си ги ризикуваат животите за да побегнат.
Адриен Бродер со нејзината автобиографска “Wild Game: My Mother, Her Lover, and Me” е на третото место, раскажувајќи приказна која можете да ја насетите од самиот наслов – вонбрачната афера на нејзината мајка и неизбежното влијание кое тоа го имало врз врската на Адриен со мајка ѝ.
Авторката на светски познатата „Јади, моли се и уживај“, Елизабет Гилберт, овојпат освојува со нејзиниот најнов роман – “City of Girls”, книга која инаку во моментов ја слушам во нејзината аудио верзија, а наскоро и ќе ги споделам моите импресии овде 🙂
Од насловите кои се преведени и на македонски јазик, на листата се најде и „Немата пациентка“ од Алекс Мајклидис, издание на Сакам книги.
Следува целосната листа со најдобрите 20 романи за 2019 година:
- “The Testaments” – Margaret Atwood
- “The Nickel Boys” – Colson Whitehead
- “Wild Game: My Mother, Her Lover, and Me” – Adrienne Brodeur
- “Quichotte” – Salman Rushdie
- “The Starless Sea” – Erin Morgenstern
- “Super Pumped: The Battle for Uber” – Mike Isaac
- “City of Girls” – Elizabeth Gilbert
- “They Called Us Enemy” – George Takei, Justin Eisinger, Steven Scott
- “The Silent Patient” – Alex Michaelides
- “Maybe You Should Talk to Someone: A Therapist, HER Therapist, and Our Lives Revealed” – Lori Gottlieb
- “The Dutch House” – Ann Patchett
- “Red at the Bone” – Jacqueline Woodson
- “Ask Again, Yes” – Mary Beth Keane
- “The World That We Knew” – Alice Hoffman
- “On Earth We’re Briefly Gorgeous” – Ocean Vuong
- “I Will Never See the World Again: The Memoir of an Imprisoned Writer” – Ahmet Altan
- “The Water Dancer” – Ta-Nehisi Coates
- “Ninth House” – Leigh Bardugo
- “Three Women” – Lisa Taddeo
- “Things We Didn’t Talk About When I Was a Girl: A Memoir” – Jeannie Vanasco