„Само пријатели“ – Колин Хувер
По неочекуваната смрт на нејзиниот татко, 18-годишната Лајкен е принудена да биде столбот на семејството и потпора за нејзината мајка и помладиот брат. Однадвор, таа изгледа цврста и своеглава, но одвнатре губи надеж.
Во нејзиниот живот неочекувано се појавува Вил Купер – атрактивниот 21-годишен нов сосед со интригантна страст за слем поезија и уникатна смисла за хумор. За неколку дена по нивното запознавање, Вил и Лејкен започнуваат емотивна врска, која на Лејкен ѝ дава ново чувство на надеж.
Кратко време по нивниот интересен прв состанок, тие двајцата дознаваат дека нивната врска е забранета – тој како професор, а таа како средношколка која е редовна на неговите часови. Растргнати меѓу желбата да бидат заедно и правилата кои ги спречуваат во тоа, тие се присилени да најдат начин секојдневно да комуницираат.
Не се сеќавам кога последен пат сум прочитала нешто од Колин Хувер, но знаев дека тоа е одамна и бев прилично сигурна дека 2019-та ми поминала без ниту една нејзина книга. Па, решив да го променам тоа и да ставам барем еден нејзин наслов на мојата листа со прочитани книги за минатата година. Некако за „Верити“ сè уште ме држи некое чувство на скептицизам и упорно одбивам да ја читам, но мислам дека “Regretting You” сепак нема да ја пропуштам – таму барем знам дека сме на сигурно поле со Хувер 🙂
Да се навратам на “Slammed”. Ми се чини дека можам да ја препознаам Хувер низ нејзините книги и без да знам дека таа стои зад конкретен наслов. Има нешто во тонот на кој ги раскажува приказните, во начинот на кој ги креира ликовите. Има нешто топло и препознатливо. Ликовите секогаш ми се допадливи, и покрај нивните маани. Ми се допаднаа врските што ги креираа меѓу нив.
Ми се допадна и слем поезијата (за која искрено прв пат слушнав, па тоа ме натера малку повеќе да истражам за каква поезија се работи, иако судејќи според книгата веќе имав некоја дефиниција), а во глава ми останаа и повеќе цитати кои ќе ги постирам во продолжение.
Сите евентуални забелешки кои ги имам за книгава единствено можам да му ги препишам на самиот жанр. Сепак, не можам да очекувам нешто поинакво од YA книги, така што мислам дека немаше да биде фер да ја скратам мојата оценка заради тоа.
Во секој случај уживав во слушањето, аудио верзијата ми се допадна, ја преслушав многу брзо. “Slammed” инаку е првиот дел од истоимената трилогија и мислам дека ќе им дадам шанса и на другите две продолженија 🙂
“This thing about you that you think is your flaw – it’s the reason I’m falling in love with you.”
“Understanding a situation doesn’t always make it easier.”
“Whatever it is you’re running from-it goes with you. it stays with you until you find out how to confront it.”
“There are three questions every woman should be able to answer yes to before they commit to a man. If you answer no to any of the three questions, run like hell.”
[…]
“Does he treat you with respect at all times? That’s the first question. The second question is, if he is the exact same person twenty years from now that he is today, would you still want to marry him? And finally, does he inspire to be a better person? You find someone you can answer yes to all three, then you’ve found a good man.”
“Question everything. Your love, your religion, your passion. If you don’t have questions, you’ll never find answers.”
“So you keep your ocean, I’ll take the Lake.”
“Push your boundaries, that’s what they’re there for.”
“Imperfections define perfection.”