Книга за сите љубители на книги: The Bookish Life of Nina Hill – Abbi Waxman
Како единствено дете на самохрана мајка, Нина го има подредено својот живот онака како што сака: работи во книжарница, има супер тим со кој се натпреварува во квизови, деновите ги држи под добро подреден планер и живее со нејзиниот мачор Фил. Кога некогаш помислува дека во животот можеби има нешто повеќе од читањето, таа само посегнува по нова книга.
Кога татко ѝ, за кој таа не ни знае дека постои, умира оставајќи ѝ еден куп сестри, браќа, внуки и внуци, Нина е во хаос. Сите живеат во истиот град! А таа не само што е присилена да се запознае со нив, туку и неочекувано влегува во конфликт како потенцијална наследничка на богатството на нејзиниот татко. Во нејзиниот мирен живот одеднаш се појавуваат многу луѓе, а Нина не знае како да се справи со тоа. Згора на сè, тука е Том – симпатично момче кое изразува желба да ја запознае.
Се чини дека е време Нина да излезе од својата удобна обвивка, но таа сепак не е убедена дека реалниот живот може да биде толку добар како фикцијата.
Го знаете она чувство кога ќе завршите со читање на некоја книга и одеднаш ликовите почнуваат да ви недостасуваат? Одамна не сум се почувствувала така. Ама ете, Нина почна да ми недостасува во моментот кога го завршив последното поглавје.
Многу го засакав нејзиниот лик, можеби затоа што помалку или повеќе, препознав многу од сопствените карактеристики во неа. Нина е карактер кој ја сака рутината и удобноста на нејзината комфорна зона. Ја сака сигурноста и предвидливоста, го сака планирањето на денот до минута, чувствувајќи дека на тој начин има поголема контрола врз работите. Таа е тивка и резервирана, мистериозна и претпазлива во своите постапки. Не сака промени, не сака отстапување од нејзиниот распоред, па токму затоа некогаш ги одбива луѓето од себеси, меѓу кои и можната љубов на нејзиниот живот. Не ѝ пречи нејзината интровертна природа, ниту самотијата, бидејќи никогаш не се чувствува осамено – таа ги има книгите. И нејзиниот мачор 🙂
Сакам вакви книги во кои ликовите толку добро ги запознавам, што ми се чини дека се дел од мојот реален живот. Нина беше одлично изградена како лик, макар што тоа беше на сметка на останатите ликови кои не ги запознавме толку добро – на пример ми недостигаше малку повеќе од сликата за Том, но добро, самиот наслов ни наговестува која е главната хероина овде 🙂 Покрај Нина, останатите ликови беа многу шаренолики и некако совршено ми се вклопуваа во целиот тој животен хаос во кој таа западна.
Приказната е пронижана со топлина, а истовремено и со хумор кој неколку пати додека ја слушав ме насмеа на глас 😀 Ми се допадна како настаните се развиваа, како покрај Нина и ние учевме за љубовта, пријателството и семејството. Ми се допадна и како беше прикажан светот на љубителите на книги 🙂
“I distinctly remember the first time I recommended a book—it was Snow Crash, by Neal Stephenson, and I recommended it because the customer enjoyed both William Gibson and S. J. Perelman, and I thought, hey, Snow Crash is futuristic and hilarious …” Here she seemed to lose the thread for a moment, but after a second remembered where she was going with all this. “And he came back to the store and said he’d loved it, and I was hooked.” “On science fiction?” “No, on introducing people to books. To reading books, knowing people, and putting them together. Love Bridget Jones AND Rebecca? Try Mary Stewart, who crushes the romantic suspense genre and wrote over a dozen fantastic books.” Suddenly, she reached over and grabbed Nina’s arm.
“Do you know the best feeling in the world?”
“Uh…” Nina shook her head, despite having some ideas.
Liz glowed. “It’s reading a book, loving every second of it, then turning to the front and discovering that the writer wrote fourteen zillion others.”
И навистина, едно од поубавите чувства досега ми било кога некој ќе ми рече дека му се допаднала книгата што сум му ја препорачала, или дека го засакал читањето покрај мене 🙂
Ја слушав со целосно внимание, дури и некои делови ги враќав за да ги преслушам уште еднаш. Имаше многу цитати кои ми се допаднаа, ме допреа, дури ме натераа на неколку секунди да застанам и да ги впијам.
Аби Ваксман ми е откритие на годината и сигурна сум дека ќе прочитам уште некоја од нејзините книги, иако оваа е со највисока оценка.
Од мене доби 4 ѕвездички, иако сериозно размислував да ѝ дадам 5. Ама сепак на крајот се одлучив за 4, зашто ми е прва прочитана книга во оваа 2020-та, па некако имав чувство дека ако ја оценам со 5, ќе ми остане како најдобра прочитана книга за цела година. Вака си дадов простор за да прочитам нешто подобро 🙂
“Being with you is as good as being alone.”
“Some people take energy; some people give energy . . . Occasionally, you get lucky and find someone whose energy balances your own and brings you into neutral.”
“If you’re not scared, you’re not brave.”
“Tomorrow would be better. At the very least, tomorrow would be different.”
“She enjoyed people – she really did – she just needed to take them in homeopathic doses: a little of the poison was the cure.”
“They say you always remember your first time, and Nina definitely did. Walking into the Los Angeles Central Library to get her first library card, when she was eight or so, was still a memory she treasured…Nina had looked around and realized she would never run out of things to read, and that certainty filled her with peace and satisfaction. It didn’t matter what hit the fan; as long as there were unread books in the world, she would be fine.”
“Nina worried she liked being alone too much; it was the only time she ever fully relaxed. People were… exhausting. They made her anxious. Leaving her apartment every morning was the turning over of a giant hourglass, the mental energy she’d stored up overnight eroding grain by grain. She refueled during the day by grabbing moments of solitude and sometimes felt her life was a long-distance swim between islands of silence. She enjoyed people—she really did—she just needed to take them in homeopathic doses; a little of the poison was the cure.”
Дури и корицата многу ми се допаѓа 🙂 Апсолутно ја препорачувам!