Forever, Interrupted – Taylor Jenkins Reid
Елси Портер е една сосема обична девојка во нејзините 20-ти, на која ѝ се случува нешто многу необично. На првиот ден од новата година, таа се упатува кон една пицерија, неочекувајќи дека попат ќе налета на некој друг што на 1-ви јануари решил да јаде пица. Сепак, во нејзиниот живот одеднаш влетува симпатичниот и шармантен Бен Рос. Нивната инстантна хемија е силна и возбудлива, а Бен не може да почека цели дваесет и четири часа за повторно да ја види. Низ интересни состаноци во наредните неколку недели тие се вљубуваат еден во друг, а до мај, тие веќе се венчани.
Само девет дена подоцна, Бен го удира камион додека се вози со неговиот велосипед и не преживува. Од нивниот стан Елси ги слуша сирените, но во моментот кога се приближува кон местото на несреќата, Бен веќе го нема. Додека е сè уште во шок, во болницата се соочува со Сузан – нејзината свекрва која никогаш не ја запознала, а која не знае дека Елси воопшто постои.
Ова беше едно навистина слатко-горчливо патување низ приказната за љубовта на Елси и Бен и нивните судбини. Раскажувањата течеа паралелно – пред и по несреќата – па додека во едно поглавје го следевме запознавањето на нив двајца, нивните состаноци, нивното вљубување, истовремено ја следевме и Елси низ болката низ која поминуваше откако го загуби Бен. Додека едно поглавје ми измамуваше насмевки и ми ја грееше душата, веќе од следното поглавје ми го стегаше срцето додека сочувствував со Елси. Од старт знаеме што ќе се случи, знаеме како завршува нивната љубовна приказна, па раскажувањата само паѓаат како парчиња во сложувалка кои временски се надополнуваат за да ја имаме целосната слика.
Во никој случај ова не е книга без никаква мана. Иако на крајот ја оценив со 4 ѕвездички, имаше моменти кога навистина сакав да ѝ дадам 3. Некои од постапките на ликовите не ми беа јасни и во одредени делови јас би играла сосема поинаку да бев на местото на Тејлор, но на крајот решив сепак да не бидам многу скржава и генералниот впечаток да го преточам во повисока оценка.
За волја на вистината, Тејлор навистина знае да креира ликови кои се толку совршени, што не изгледаат реални – како да сака нам читателите да ни ги сервира единствено нивните доблести. Или пак можеби во нејзиниот фокус не се ликовите, туку емоциите кои тие ги чувствуваат – а тоа е и причина поради која ќе замижам пред совршенството на ликовите. Тејлор знае да напише книга во која толку многу ќе сочувствувам со сè она низ кое поминуваат ликовите, што ќе можам да дишам со нив, да ја чувствувам нивната болка.
Додека ја читав судбината на Елси, како и јас самата да поминував низ нејзината состојба по губењето на некој близок – она кога светот во твоите очи престанува да се врти, но за сите останати продолжува понатаму. За тебе како времето да замрзнува во моментот кога ќе загубиш некого, но за сите останати луѓе на оваа планета продолжува да тече. Како ништо да не се случило. И тоа те нервира, те вади од такт. Те нервира туѓата среќа, туѓите насмевки, туѓата радост, затоа што чувствуваш дека светот не треба да продолжи да се врти без тој еден човек помалку во него. Така се чувствуваше Елси, а така се чувствував и јас покрај неа.
Паралелно ја следевме загубата на Елси, наспроти Сузан која и самата е вдовица. И тука сфаќаме дека без разлика дали си бил со некого неполни шест месеци, или цели 30 години – болката од загубата е подеднакво тешка.
Низ раскажувањата беа исплетени многу убави цитати, од кои овде ќе споделам дел:
“No matter how strong you are, no matter how smart you are or tough you can be, the world will find a way to break you. And when it does, the only thing you can do is hold on.”
“Drunk words are sober thoughts.”
“Things happen in your life that you can’t possibly imagine. But time goes on and time changes you and the times change and the next thing you know, you’re smack in the middle of a life you never saw coming.”
“That is what true love is. True love is saying to someone “Forget about us. We will be okay,” when it might not even be true, when the last thing you want is to be forgotten.”
“Sweetheart, I’m telling you, you love someone like that, you love them the right way, and no time would be enough. Doesn’t matter if you had thirty years,” she tells me. “It wouldn’t be enough.”
“I really didn’t think this was going to happen. I thought bad things only happened to people with hubris. They don’t happen to people like me, people that know how fragile life is, people that respect the authority of a higher power. But it has. It has happened to me.”
“I want so badly to take all her words and fit them like the pieces of a puzzle into the hole in my heart.”
“I find myself smiling, finally. I guess I do remember how to do it. You just turn the corners of your mouth up.”
“You don’t realize how dead clothes look on their hangers until the person who owned them is…”