Breathing Room – Susan Elizabeth Phillips
Таа е д-р Изабел Фејвор – Американка позната по нејзините книги за самопомош. Има цела империја, но по неколку несреќни околности, нејзиниот професионален, а и приватен живот, почнуваат да се рушат. Таа губи многу пари заради нејзината бескрупулозна сметководителка, нејзиниот свршеник ја остава за постара жена, а нејзината репутација полека почнува да паѓа поради насловните страници на кои завршува со обвинение за измама. По низа околности, таа решава да замине во Италија и да почне малку слободно да диши.
Тој е Лоренцо Гејџ – човек кој живее од убивање луѓе… на филмското платно. Тој е многу успешен во она што го работи, неверојатно талентиран и дефинитивно омилениот негативец во Холивуд, со италијанско потекло. Сакајќи малку да здивне од целата популарност, тој си поигрува со неговиот изглед пред да тргне да шета низ италијанските улички, за да не го препознаат. Па така, иако има нешто особено познато во неговиот изглед, кога ќе се сретнат, Изабел не може да утврди од каде го познава. Тие двајца завршуваат во кревет, а нема да помине долго време пред Изабел да сфати дека бегајќи од еден хаос, влетала во друг…
Ако ви се познати книгите на Сузан Е. Филипс, тогаш оваа нема да ви биде ништо ново 🙂 Лесна лимонатка за „луфтирање“ на мозокот.
Искрено кажано, полна е со клишеа – жена која сака да „одмори“ од животот и да почне нова страница, оди во Италија барајќи го внатрешниот мир. Таму среќава маж во кој како да се собрани сите стереотипи за Италијанците, почнуваат кратка афера, но сето тоа прераснува во нешто повеќе. Некаде измеѓу доаѓате до сцени со вкусна храна, вино и пејсажи од прекрасната Италија.
Звучи познато? 🙂
Немаше некоја длабочина во ликовите, можам дури да кажам дека поголема реалност најдов во врската на споредните ликови, отколку на главните. Приказната ми беше површна и едно големо дежа ву, но на крајот сепак ја оценив со три ѕвездички затоа што успеа на моменти да ме насмее и имаше неколку цитати кои ми се допаднаа, дел ќе ги споделам во продолжение. Впрочем, кога симнувам вакви книги, точно знам што барам, а и што ќе добијам 😉
“Sometimes we focus on other’ flaws so we don’t have to focus on our own.”
“People try to bail out without a fight, and too often people take the easy way out.”
Some people are born to play the hero, and some are born to play the bad guy. Fighting your destiny only makes life harder than it needs to be. Besides, people remember the villain long after they’ve forgotten the hero.
“I finally figured out that not every crisis can be managed. As much as we want to keep ourselves safe, we can’t protect ourselves from everything. If we want to embrace life, we also have to embrace chaos.”