„Испревртени“ – Ема Чејс
„Да се вљубиш е лесно, да останеш вљубен е тешко.“
Вака започнува второто продолжение во овој серијал на Ема Чејс, кој го следи патешествието на Дру и Кетрин, чие запознавање и љубовна приказна го видовме во првиот дел, „Заплеткани“. Додека првиот дел е раскажан низ очите на машки наратор, односно Дру, вториот дел го раскажува Кетрин. Приказната продолжува онаму каде што застана, а овојпат ги гледаме главните ликови низ сите препреки во нивната врска и како сепак, не е сè толку розево.
Првиот дел ми се допадна повеќе, како и на многу други читатели, барем од она што го прочитав низ коментарите на Goodreads, но на крајот сепак од мене доби три ѕвездички.
Овојпат како Ема да им даде некоја иритантна жичка на Кетрин и Дру и нивните ликови воопшто не ми се допаднаа во ова светло. Заради едно едноставно недоразбирање, ја видовме Кетрин како неверојатен слабак, желна за љубов и внимание, подготвена и самата себе да си се прегази, само за да не остане сама. Од друга страна, Дру како едвај да чекаше прилика да си се врати на вистинското јас, па испадна најголем глупак. Некако, во првиот дел и двајцата ги доживеав како поцврсти карактери, помоќни, посветени и желни да дојдат до она што го сакаат, особено во услови каде што постоеше меѓусебна конкуренција. Сега целата слика ми се смени…
Сепак, на крајот можам да заклучам дека трите ѕвездички од мене книгава најмногу ги доби заради повеќето цитати што ми се допаднаа, а со дел од нив и се согласувам:
“For you guys out there who think looking doesn’t hurt? You’re wrong. Because we women don’t think you’re just enjoying the view. We think you’re comparing, finding us lacking. And that stings. Like a paper cut on your eyeball.”
“You said we’re fighting over nothing, and we’re fighting about how you made me feel—so that means you think my feelings are nothing!” his mouth opens, like a fish searching for oxygen.”
“Forgiveness is selfish. We give it not because it’s earned, but because it’s what we need. To find peace. To be whole.”
“Some advice—when you’re angry with your significant other, try not to tell your friends. Because after you’ve forgiven him?
“Don’t believe anything you hear, and only half of what you see.”
They’ll never forget.”
“Drew Evans doesn’t burn bridges. He sets dynamite to them. Decimating the bridge, the mountains it connects, and any other living thing unlucky enough to be within a fifty-mile radius.”
“Perspective doesn’t just change how you look at things, it changes how you feel. And once you think you’ve lost it all, you value every moment infinitely more.”