Don’t You Forget About Me – Mhairi McFarlane
Ако постои нешто полошо од тоа да бидеш отпуштен од еден од најлошите ресторани во градот, е тоа да го фатиш твоето момче во кревет со некоја друга.
После две добиени „корпи“ во еден ист ден, Џорџина ја прифаќа првата работа што може да ја најде – шанкерка во новоотворен паб за кој се испоставува дека е во сопственост на Лукас, момчето во кое била вљубена во средношколските денови. И додека Џорџина на свои 30 години сè уште работи како келнерка, убедувајќи се дека тоа ѝ е само привремена работа додека не се оствари како писателка, се чини дека Лукас не само што прераснал во згоден маж, туку се претворил и во вистински, стабилен бизнисмен.
Среќавањето на Лукас после толку години не само што ја фрла во ужасно чувство бидејќи тој не ја препознава, туку и ја враќа кон минатото, на последниот ден од училишната година, кога се случило нешто за кое таа никому досега не кажала.
Девојка која останува без работа и момче во ист ден – да, знам, не е баш оригинална идеја. Ама ете, барав некоја лесна лимонатка која ќе ми прави друштво додека работам нешто друго низ дома, па оваа ми дојде како порачана.
И со оглед на тоа какви ми беа очекувањата, морам да признаам дека пријатно ме изненади. Почетокот на книгата наговестува многу клише и веќе видена приказна, така и се развива, но некаде при крајот за мене доби поголема длабочина. Поточно, ликот на Џорџина како изгубена 30 годишна девојка која лута низ животот, доби некоја ранливост и позадина која не ја знаевме во текот на раскажувањето.
Ликовите не беа исклучителни, но ми беа допадливи, а ми се допадна и начинот на кој се развиваше односот меѓу Џорџина и Лукас. Само што, крајот ми беше некако избрзан – во последното поглавје скокот не беше само временски, па имав чувство дека сме пропуштиле нешто во меѓувреме. Сепак, крајниот целосен впечаток ми е позитивен, особено затоа што очекувањата ми беа ниски 🙂
За крај, морам да кажам дека целата книга ми беше обоена во звуците на Simple Minds и нивната песна Don’t You Forget About Me 😀 Особено затоа што ја слушав аудио верзијата која беше со британски акцент, па работите се поклопија 🙂
“Whatever our souls are made of, his and mine are the same.”
“When there is so much left unsaid, your mind is free to fill in the words that were never exchanged in a hundred thousand different ways…”
“When I spoke, he concentrated on me intently. Through Lucas’s fascination, I saw myself differently. I was worthy. I didn’t have to try so hard.”
“I’m not carrying it anymore. I spoke the words aloud, used my words, and broke the curse.”
“The word loss had a new meaning, or its meaning became clear: a person who loved me, in a completely unique and irreplaceable way, had vanished and took with him our relationship.”
“Here’s what life has taught me so far: don’t worry about that thing you’re worrying about. Chances are, it’ll be obliterated by something you didn’t anticipate that’s a million times worse.”