How to Kill a Rock Star – Tiffanie DeBartolo
Запознајте ги Елиза – млада новинарка во областа на музиката и Пол Хадсон – талентиран текстописец и фронтмен на групата Бананафиш. Наоаѓајќи ја заедничката љубов кон рок музиката, тие двајца се вљубуваат еден во друг. Но, кога Бананафиш ќе потпише договор со една голема музичка компанија, а Пол е на пат да стане голема рок-ѕвезда, Елиза мора да донесе тешка одлука која нема да заврши добро за никој од нив…
Пред да започнам со пишување на моите импресии за книгава, морам да напоменам дека Тифани ја запознав со книгата God-Shaped Hole која многу ми се допадна, ја следам на социјалните мрежи, следам постојано што пишува, во една прилика имавме и контакт и многу ми се допаѓа како личност. Ова го кажувам затоа што знаев дека од старт ќе бидам пристрасна кон книгава, само затоа што нејзиното име стои зад неа.
За жал некако го развлечкав читањето, бидејќи единственото време кога можев да седнам да читам беше во автобус кон работа и дома, па повеќе време имав за слушање аудио книги. Ама затоа крајните поглавја ги прочитав со брзина на светлината 😀 Мислам дека никогаш немам читано толку брзо, од што сакав да дознаам што ќе се случи 🙂
Пред да почнам да ја читам книгава мислев дека ќе ја завршам со солидна четворка, но сепак на крајот морам да ја оценам со 3 ѕвездички, бидејќи постојано ми се менуваше впечатокот и ме фрлаше од едно во друго расположение – од тоа премногу да ја засакам приказната, до тоа да почувствувам желба да ги истепам ликовите… Имаше многу моменти кои ми се допаднаа и дури си ги препрочитував, но имаше и такви за кои си се прашував што ли мислела Тифани додека ги пишувала. Дури во еден момент си реков: ако ова оди таму каде што мислам, книгава од мене ќе добие една единица голема колку бандера! Ќе се воздржам од тоа да дадам дополнителни коментари, особено во споредба со другата нејзина книга која ја споменав, затоа што ќе морам премногу да откријам.
Сепак, ќе ви ја препорачам и ќе ви предложам да ја прочитате, а вака кога ќе размислам, ако сакате да почнете со книгите на Тифани, можеби подобро ќе биде оваа да ја прочитате пред God-Shaped Hole. Знам дека кратката содржина е навистина кратка и не зборува многу за настаните, но ќе мора да ми верувате на зборот 🙂
Ми се допадна како беа доловени ликовите, нивните стравови, страсти, животни желби и соништа. Ми се допадна како се развиваше врската меѓу Пол и Елиза, како попатно тие се менуваа и трансформираа како личности низ процесот. Ми се допадна музиката, текстовите и едноставно можев да го почувствувам ликот на Тифани низ страниците.
Имаше повеќе цитати кои си ги обележав додека ја читав:
Like a benevolent god, a good song wil never let you down.
But sometimes talent isn’t worth shit. There are tons of talentless people out there making zillions of dollars. And unfortunately, an equal number of brilliant artists whose names and voices you’ll never hear.
Absorbing his words was like taking a drink of hot tea. They burned on the way down, but soothed my insides once they had time to cool off.
“Did you really want to die?”
“No one commits suicide because they want to die.”
“Then why do they do it?”
“Because they want to stop the pain.” Once again, his lack of guile was unsettling. But his words resonated somewhere inside of me.
I think there’s something seriously wrong with anyone who isn’t at least a little let down by the world.
Eliza has the sky in her eyes and I’ve always wanted to touch the goddamn sky.
I asked him if he’d noticed the way Eliza listened to the music, how she’d gazed at the speakers like God was talking to her.
But trying to describe how I felt watching her dance around and sing would be like trying to build a skyscraper with my bare hands.
Fate is just another word for people’s choices coming to a head. Destiny, coincidence, whatever you name it. It inevitably lies in our own hands.
Being an artist in the music industry is a lot like being a gay man in the army. A thousand-to-one, the guy’s not welcome.
But when dreams come true in reality they never feel the same as when you imagine them, and you know what that means? It means that no matter how good things are, maybe they’l never be good enough, and there’s something seriously wrong with that.
I hate that word, CAN’T. I wish it had never been dreamed up, spoken, or defined. I wish the concept of CAN’T could be eradicated not only from language, but more importantly from the psyche of a girl who I know is filled with so much CAN it seeps out of her pores and scents the air.
[He] was now part of the landscape my friends saw when they looked at me.
There are things we never tell anyone. We want to but we can’t. So we write them down. Or we paint them. Or we sing about them. Maybe we carve them into stone. Because that’s what art is. It’s our only option. To remember. To attempt to discover the truth. Sometimes we do it to stay alive.
There are still people out there who believe music is more than just something to dance to.